За побрза исплата на средства во услови на елементарни непогоди, како поплавата од 6 август, Министерството за финансии денеска предложи по брза постапка да се направат измени на Законот за буџет со кои ќе се овозможи Министерството да прави пренамена, прераспеределба на средства на 5 отсто од буџетот.Досега Министерството имаше право да прави прераспределба на средба во буџетот во износ до 5 милиони евра, што во случаи како поплавата во Скопје се недоволни за да се надомести целосно штетата.
Министерот за финансии Кирил Миноски денеска на собраниска седница, на која законот доби поддршка да оди по брза постапка, образложи дека е нужно носење на ваков закон за да во иднина постапката за обесштетување оди многу побрзо.
Инаку, Владата веќе ги исплаќа авансните средства на граѓаните кои претрпеа штета од поплавите. Целосната исплата на штетите ќе биде откако ќе помине ребалансот на Собрание со кој се предвидуваат средства за поплавата, за кој расправата е закажана следната недела во Собранието.Досега Министерството имаше право да прави прераспределба на средба во буџетот во износ до 5 милиони евра, што во случаи како поплавата во Скопје с