Западот не ја разбира круцијалната улога на Македонија во општата европска безбедносна архитектура

Анализата на Извештајот на Рајнхард Прибе (клучниот документ на чија основа е донесен Пржинскиот договор) покажува дека, во своето тврдо бирократско јадро, ЕУ користи оперативни капацитети што создаваат недемократски реалност. Kако што се правеше и во случаи со други држави: на мал број анонимни странски ’експерти‘ им беше дозволено да ја одредат судбината на целата земја.Со овој впечаток ја почнува својата детална и опширна анализа американскиот аналитичар и новинар Kрис Делисо, основач и директор на независниот портал „Балканализис.ком“ , кој од 1998 година живее и работи во неколку балкански земји, а сега е стациониран во Македонија, пишува Дневник.
Анализата на извештајот на Прибе ја правел повеќе од една и пол година, собирајќи информации од официјални и неофицијални извори во безбедносните и разузнавачките служби, како и од самите членови на тимот на германскиот експерт – чија задача беше да изготви извештај во форма на техничка проценка и препораки за излез од кризата во земјава.
Подоцна овој документ стана стратешка основа на промените на политичката сцена, почнувајќи со договорот од Пржино, во јуни-јули лани. Според Делисо, извештајот е само еден од средствата со кои ЕУ практично „убива преку илјада фусноти“.
Kлучни датуми за извештајот и проблеми со тајмингот
Меѓу првите моменти што според анализата вреди да бидат истакнати е дискутабилноста на почетокот на кризата наведена во извештајот, а тоа не е ниту 27 април 2014 година (кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одби да ги прифати изборните резултати), ниту 23 јануари 2015 година (кога поранешниот шеф на контраразузнавање Зоран Верушевски беше уапсен), ниту 31 јануари 2015 (кога премиерот Никола Груевски ~ се обрати на нацијата за да го објави сценариото за „Пуч“), туку 9 февруари, 2015 – кога Заев почна да ги објавува бомбите.
– Хан не одговори на нашите барања да појасни кога почнаа реакциите на ЕУ. На тоа не се сеќаваа и не можеа со точност да кажат ниту членовите на експертскиот тим – пишува Делисо во анализата.
Она што според него е најважно е оти тимот на Прибе беше распределен на терен во моментот кога „канцеларијата на јавниот обвинител (Марко Зврлевски, н.з.) беше опасно блиску до разрешница на целата мрежа зад неуспешниот државен удар“.
Друг момент за кој Делисо издвојува внимание е фактот што еврокомесарот за проширување Јоханес Хан од самиот почеток се постави кон македонската криза како кон „прашање на владеење на правото, наместо како пропуст на контраразузнавањето“, што подоцна се рефлектира и во извештајот на тимот на Прибе. Во неговата основа како приоритет е поставено истражувањето на содржината, а не на потеклото на прислушуваните разговори (различно од случајот со мејловите на Хилари Kлинтон, каде шро претседателот на САД инсистира на потеклото, а не на содржината, н.з.).
Од кабинетот на Хан за „Балканализис.ком“ никогаш не одговориле зошто се одлучиле за оваа насока, дали одлуката е донесена само од комесарот или во консултација со други? Ако се тоа некои други лица, кои се тие?
– Kако на пример, шефицата на ЕK за надворешни работи Федерика Могерини, или комесарот за безбедносна политика и миграција Димитрис Аврамопулос. И двете фигури имаат моќни антимакедонски лобисти во своето потесно опкружување, пишува во анализата.
Фатална одлука: содржината пред потеклото
Според Делисо, перцепцијата на ЕУ дека Македонија е во „криза“ поради проблемот со владеењето на правото, предизвика сериозни последици врз траекторијата на размислување и дејствување на дипломатијата во земјата.
– Ова ги принуди некои од исфрустрираните странци да ги поддржат насилните протести во земјата. Трагедијата е што сето тоа можеше да се регулира поинаку и уште на самиот почеток да не беа вклучувани параметри на ЕУ. Па така, основното прашање требаше да биде: дали да се испита од каде му се СИГИНТ- материјалите на Заев, како се набавени и за каква цел? Не наидовме на докази што би укажале дека некој во ЕУ воопшто некогаш сериозно размислувал за оваа разлика – пишува Делисо.
Наместо тоа, ЕУ, а и западната дипломатија во земјава одбра да гледа на кризата како „јасно прашање на владеењето на правото“, во земја каде што, наводно, „мала група лидери сакаат с` да контролираат“.
На авторот му е чудно што никој од дипломатите или медиумите, воопшто, не го постави прашањето зошто Груевски речиси премолчено се согласи тимот на Прибе , практично, да ја скрои идната политика на државата.
– Освен ако тој самиот некогаш не напише во некој свој мемоар, ние никогаш нема да знаеме под каков притисок бил ставен за да го прифати овој тим. Kако и за тоа зошто не го одржа ветувањето што ѝ го даде на јавноста дека ќе открие кои странски служби стојат зад оваа операција. Но, една работа е јасна: во моментот кога владата го прифати распоредувањето на ЕУ, Македонија се откажа од својот суверенитет, можеби засекогаш – вели Делисо.
Во натамошниот дел на анализата, авторот се обидува да објасни од каде (кога) потекнува позиционираноста на Брисел (во смисла на залагање за „содржината пред потеклото“ во врска со бомбите), навраќајќи се во периодот на набавката на израелската опрема за МВР. Делисо истакнува дека „истата беше обезбедена без тендер, што е дозволиво кога станува збор за инвестиции што спаѓаат во категоријата државни тајни“.
Меѓу другото потсетува на интервјуто на тогашната министерка Гордана Јанкуловска во 2009 година за „Балканализис.ком“, кога таа одговарала на повеќе прашања, меѓу кое и на тоа дека Заев има чести средби со дипломати во Брисел, со цел да ги убеди во неговата констатација дека владата прави полициска држава
– Јанкуловска сето тоа го демантираше, нагласувајќи дека полицијата има толку многу работа да се справува со криминалот, што за заговори од овој тип нема време. Во тој период опозицијата и цивилното општество беше инфицирано од заговорот на Заев за полициска држава – вели тој.
Оттука, заклучува Делисо, почнува да станува јасно зошто ЕУ и западните медиуми толку лесно го голтнаа обвинувањето на Заев дека државата прислушувала.
– Психолошкото „уредување“ на работите траело со години, а за одржување на антивладина сила од страна на ЕУ беше потребен издржан изговор, а за западните сили претставуваше опасност дека подобрените безбедности капацитети на Македонија ќе ѝ дозволат премногу независност – додава тој.
МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕРТИ И ПРООПОЗИЦИСКИ НВО-АКТИВИСТИ
Сите анализирани извештаи за напредокот на Македонија од 2009 до 2014 година покажуваат дека Европската Унија не демонстрира антагонизам во однос на земјава, сѐ до октомври 2010 година, кога по набавката на опремата се инсистира и на промена на Законот за електронски комуникации за да се ограничат ингеренциите на МВР во делот на употребата на системите за прислушување.
Фундаменталната промена во тонот на извештајот тогаш, всушност, експлодира во содржината на извештајот на Прибе, се вели во анализата.
Но, зошто во октомври 2010 извештајот за македонскиот напредок беше со променета конотација? Во одговорот на ова прашање Делисо објавува т.н. претпристапен извештај, кој инаку се прави исто така два пати годишно пред да се пишуваат финалните извештаи за напредок на државите кандидатки, како нивен темел. Токму во овој извештај, кој му претходел на октомврискиот во 2010, е нагласено да се обрне поголемо внимание, односно да се направи подетална анализа на набавката на опремата и нејзината употреба.
Истиот е интерен документ, не е за во јавност, но Делисо дошол до него и го објавил во рамките на самата анализа (https://www.balkanalysis.com/macedonia/ les/2016/06/EU-PAR-May-June-2010-internal-doc.pdf). Најважното што треба да се нагласи е дека е напишан, во најголем дел, од македонски соработници, експерти, НВО-активисти – блиски до опозициските гледишта.
ТИМОТ НА ПРИБЕ СО ПОНИЖУВАЧКИ СТАВ КОН МАКЕДОНИЈА И ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПОЗНАВАЊЕ
Необјективната слика за извештајот на Прибе се добива уште во дефинирањето на неговите задачи, достапни на самиот почеток на документот, каде што во описот на задачите на тимот, е нагласено дека ЕУ побарала од шестемина експерти „да изработат брза анализа на ситуацијата и да дадат препораки за решавање на отворените прашања“. Едностраната слика на извештајот се гледа во реченицата каде што под терминот „прашања“ авторите ги специфицирале „системските проблеми потврдени од прислушуваните материјали објавени од СДСМ“. Останува да виси дилемата како недокажани нелегално прислушувани материјали можат да бидат доволен доказ за системски проблем на една држава.
Поради ова, интервенцијата на Прибе е жестоко критикувана од обичните граѓани, како и партиски поддржувачи. Но не е само поради тоа.
– Имено, повеќе од шокантно е што некои од личните мислења на тимот на Прибе, кои не се запишани во извештајот, откриваат основно непознавање на безбедносните предизвици на Македонија и понижувачки однос кон нејзините институционални потреби. Овој став, за жал, се повторува со години наназад, и е видлив во различните објавени анализи за „Балканализис.ком“ од страна на бесвесните еврократи. Едноставно, тие не ја разбираат круцијалната улога на Македонија во општата европска безбедносна архитектура – вели Делисо.Со овој впечаток ја почнува својата детална и опширна анализа американскиот аналитичар и новинар Kрис Делисо, основач и директор на независниот пор

Пронајдете не на следниве мрежи: