Се нижат скандалите во работењето на Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство, пренесува Курир.Ставајќи се во целосна служба на СДСМ, обвинителката ги погазува основните принципи при работењето и делува противзаконски.
Поканата за распит како дејствие е тајна, но тоа не важи во случаи кога СЈО му помага на СДСМ во водење на политичка кампања. Така, новинарите блиски до СДСМ и финансирани од Сорос доаѓаат до информации кои треба да ги имаат двете заинтересирани страни- тој што кани на распит и оној кој е поканет да се појави пред обвинителството.
На овој начин Јанева режира политички линч кој се спроведува преку новинарите блиски до СДСМ/Сорос.
Новинарката на опозицискиот Утрински весник, Гордана Дувњак има информации и истите ги објави за тоа кого СЈО поканил на разговор, како и кога се поканети лицата.
-Неделава по вторпат за два различни предмети (Скопје 2014 и демолирањето на Оштина Центар) дојде градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Во придружба на адвокатот Никола Додевски, пред два дена се појави ексминистерката Гордана Јанкуловска, а пред неа, и шефот на кабинет на поранешниот прв човек на УБК, Тони Јакимовски. Вчера требаше да се појават ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешната градоначалничка на Центар,Виолета Аларова. Во почетокот на наредната недела, како што дознаваме, се очекува да се одзват на поканите и поранешната пратеничка и актуелен член на ДИК, Силвана Бонева, пратеникот од ПЦЕР, Самка Ибраимовски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, објави таа.
Ова е скандалозно работење, за кое Јанева молчи пред обврската истото да и го образложи на јавноста.
Како Јанева го крши законот?
Законот пропишува дека предистражните и истражните дејствија се тајни.
Јанева многу пати досега докажа дека таа не планира да работи по закон и Устав туку по свои лични убедувања и наклонетост кон партијата на Зоран Заев. Своето работење го посвети на политички линч во соработка со функционери на СДСМ и платеници на Сорос.
СЈО должи одговори на јавноста. Од каде новинарите на Сорос ги знаат информациите кои треба да бидат тајни? Дали овие информации се излезени од СЈО или од истражителите кои ги доставуваат поканите? Дали ќе биде покрената истрага за ова?Ставајќи се во целосна служба на СДСМ, обвинителката ги погазува основните принципи при работењето и делува противзаконски.
Поканата за рас