Европската Унија ѝ најави на Македонија финансиска помош од 150 илјади евра за санирање на штетите од поплавите, односно само 0,25 отсто од помошта од 60 милиони евра што ѝ ја даде на Србија по катастрофалните поплави пред две години, пишува Дневник.Тогаш Европската комисија одлучи од Фондот за солидарност да одвои 80 милиони евра за помош на настраданите земји, освен Србија, и Хрватска и Бугарија. За Хрватска и Бугарија беше предвидена помош од 8,96 и 10,5 милиони евра, а во соопштението на Kомисијата беше назначено дека овие средства треба да придонесат за обнова на виталната инфраструктура и услуга, надоместување на трошоците на спасувачките екипи, како и за чистење на подрачјата погодени од природната катастрофа.
Во соопштението потпишано од комесарот за проширување Јоханес Хан тогаш беше нагласено дека Србија пристап до парите од Фондот има бидејќи има статус на кандидат членство во ЕУ.
– Фондот за европска солидарност им помага на тие земји одново да застанат на нозе, да воспостават стабилност, по загрозеноста од штетите нанесени во економските сектори, како туризмот или уништените клучни инфраструктури – потенцира Хан.
Повеќе прочитајте во печатеното издание на ДневникТогаш Европската комисија одлучи од Фондот за солидарност да одвои 80 милиони евра за помош на настраданите земји, освен Србија, и Хрватска и Бугар