Државата ги мобилизираше сите институции за помош на луѓето кои беа погодени од стравотното невреме пред 10 дена. Владата донесе обемен сет со конкретни мерки за жителите од Скопско кои претрепа штета од поплавите и со тоа јасно стави до знаење дека овие луѓе не се оставени сами, пишува Лидер.-Имајќи ги предвид големината на природната непогода, нејзината разорност и големиот број домаќинства што се опфатени, како и степенот на оштетеност, како Влада целосно сме посветени на овозможување комплетна помош и поддршка на настраданите опфаќајќи различни сегменти кои директно или индиректно ќе бидат од конкретна корист. Тоа се конкретни чекори и мерки со кои покажуваме грижа за сите наши сограѓани на кои во овие моменти од исклучителна важност им е искрената поддршка во секој сегмент од секојдневното живеење, вели вицепремиерот Никола Тодоров.
Што предвидуваат владините мерки?
Прво и основно, Владата со мерките предвидува целосно обесштетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите. Ова е првата од пакетот со осум мерки.
-Граѓаните ќе бидат обесштетени во целост, односно сè што комисијата за проценка ќе го евидентира како оштетено, 100 процентно ќе биде надоместено, објаснува Тодоров.
Работата брзо напредува на терен. Бирото за судски вештачења веќе процени 90 проценти од штетата. Запишан е уништениот движен и недвижен имот.
-Досега имаме направено повеќе од 2.500 увиди, значи толку домаќинства се посетени, а извршен е увид на повеќе од 700 возила. Помалите места се завршени, останаа уште Сингелиќ и Стајковци. Се надеваме дека најдоцна до среда ќе бидат завршени сите увиди за процена на штетата, вели директорот на Бирото за судски вештачења, Дени Ѓорчевски.
Освен обесшетувањето, владините мерки предвидуваат покривање на партиципацијата за здравствените услуги на сите нивоа во зафатените подрачја, ослободување на домаќинствата од плаќање вода и ѓубретарина во период од три месеци, еднократна парична помош за набавка на училишен прибор, бесплатна изработка на елаборати за легализација, зголемување на паричната помош во следните три месеци за 50 проценти, зголемување на социјалната помош, на додатоците за слепило и за глувост, на помошта и нега од трето лице и посебниот додаток за деца со пречки во развојот.
-Најпогодени во поплавите се социјално загрозените граѓани. Сите приматели на социјална помош, согласно последниот пакет кој го донесе Владата, ќе добијат 50% зголемената социјална помош за 3 месеци. Центрите за социјална работа утврдија дека околу 550 семејства во социјален ризик се погодени од поплавите. Очекуваме центрите до крајот на август да донесат решенија за исплата, вели министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Бидејќи во невремето беа зафатени земјоделски региони, дел од владините мерки се за поддршка на аграрот. Владата обезбеди 30 тони јачмен од државните резерви за сточна храна, како и бесплатна анализа и испитување на почвата за процесот на пречистување.
-100% ќе бидат обесштетени граѓаните. Тоа се однесува и на штетата во домовите, штетата на возилата, како и на земјоделските посеви. Бидејќи се работи за три различни категории и комисии, на терен се околу 40-на тимови кои што работат, вели вицепремиерот Пешевски.
Какви заклучоци донесе Собранието?
На предлог на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и на Талат Џафери, Собранието донесе заклучоци за состојбата во поплавените подрачја. Институциите се задолжени да продолжат да им излегуваат во пресрет на жителите сè до конечно отстранување, санирање и ублажување на последиците од катастрофата, авансно да се обесштетат погодените семејства, да се направи брза процена на штетите, државните институции да преземат законски мерки против оние кои ја злоупотребуваат настанатата состојбата за добивање финансиска корист, а ако е потребно и да се пренасочат пари од одделни буџетски ставки во надлежните институции за санирање на последиците.
Собранието ги задолжи институциите да обезбедат средства за обесштетување на семејствата на загинатите лица, на загрозените семејства, како и за санирање на штетите.
Вработените од овие региони ослободени од работа
За да им се остави простор на луѓето од поплавените места побрзо да се справат со последиците од невремето, Министерството за труд и социјална политика до петок ги ослободи од работа жителите на Синѓелиќ и на Стајковци кои работат во органите на државна управа.
Истата препорака им беше дадена и на приватните компании, од кои во овој период се очекува да покажат разбирање за своите работници.
Деноноќна работа за помош на месното население
Армијата, институциите, волонтери деноноќно се на терен во поплавените подрачја за што поскоро да се санираат последиците. На располагање се ставени сите ресурси и механизација.
-Со дополнителна механизација веднаш ставаме сè во камиони и носиме во Дрисла за да нема дополнителна миризба и дополнителни проблеми. Секаде има механизација, постојано се работи. Ангажиравме и ноќна смена, вели министерот за транспорт, Владо Мисајловски.
Во полн ек е дезинфекцијата на теренот.
-Досега е направена дезинфекција на 1.350 куќи со вкупна површина од 260.000 квадратни метри. Направена е ларвицидна дезинсекција на Смилковско езеро и на одводниот канал кај Стајковци. Континуирано се на дезинфекција на улиците. На терен се 38 тимови од центрите за јавно здравје и армијата, вели Зоран Чаневски од Центарот за јавно здравје.
Состојбата е под контрола, нема појава на заразни заболувања.
-Се регистрираат лица со цревна симптоматологија, но таа бројка не укажува на помасовна појава на заболувања од овој тип, вели проф. д-р Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни болести.
На мештаните им е добредојдена секоја помош, особено луѓе кои со физичка сила можат да влезат во тесните улички до кои механизацијата нема пристап-Имајќи ги предвид големината на природната непогода, нејзината разорност и големиот број домаќинства што се опфатени, како и степенот на оштетенос