Во санирањето на штетите од последиците од поплавите во скопското село Стајковци моментално се ангажирани 78 машини, околу 600 доброволци и сезонски и комунални работници и околу 150 припадници на армијата. Сите улици се пробиени и остануваат уште триесетина куќи од кои треба да се испумпа водата.Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов во разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на селото, информира дека расчистени се голем дел од улиците, а во моментот се работи на три кои се најкритични. Тој рече дека од вчера е почнато и со ноќни смени во расчистувањето на терен.
– На околу 600 куќи е завршена дезинфекцијата. Во селото има околу 1.050 куќи, од нив околу 750 беа поплавени, така што денеска или утре очекуваме да заврши дезинфекцијата на сите куќи. Интензивно се врши и проценката на штетите и досега е извршена кај 450 куќи. Најважно е што согласно последната одлука на Владата населението целосно ќе биде обесштетено, рече Спасов.
Груевски оцени дека од голема помош за населението е стопроцентното обесштетување, а ќе им помогне и авансното, затоа што за целосното обесштетување ќе бидат потребни неколку недели.
Во деловите каде се уште се ресчистува се дистрибуира храна за населението, а во деловите каде има струја и вода работите се враќаат во нормала. Електрична енергија е пуштена на 80 проценти од домовите, додека вода има.
Во однос на состојбата со улиците беше информирано дека сите улици се пробиени, од нив 50 проценти се целосно расчистени, а се работи на останатите каде граѓаните во изминатите неколку дена во континуитет го одложуваат отпадот од домовите.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски рече дека веќе е во план миење на улиците, откако ќе бидат отстранети целосно отпадот и калта од нивната површина. За таа цел ќе бидат ангажирани 10 цистерни на градот, како и четири возила од противпожарната единица.Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов во разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на селото, информира