Хајрадин Сулиш: Човекот што тврди дека сум го нападнал е вметнат провокатор

Хајрадин Сулиш на терен им помага на сограѓаните кои претрпеа штети од катастрофалното невреме.По злоупотребите од страна на медиумите блиски до СДСМ, тој даде изјава за телевизија НОВА каде вели дека не е ничиј телохранител.
Овој граѓанин вели дека политиката не смее да се меша во вакви тешки ситуации и дека се испраќаат вметнати провокатори.
-Праќам апел, ако се меша политиката во ова, срам да им е на сите и на политичари и на кој и да е. Ако се вмеша тука политиката и за овој случај, луѓето тука што поминуваат нема човек кој не пушта солза… Јас на никого не сакам да бидам телохранител. Ниту сум ниту ќе бидам. Јас си ја гледам мојата работа. Грешна е информацијата дека јас со Груевски сум шетал секаде. Тоа што беше прексиноќа, кажав за во Камник шталата што беше дека таму има човек и стока. Јас сум овде координатор, таму носевме багери за да се расчисти. Не е точно дека сум телохранител на Груевски, на Ахмети или на некој друг. Јас сум на работна задача, рече тој во изјава за ТВ Нова.
Раскажа и како дошло до денешните случувања кои во политичка конотација беа злоупотребени од медиумите блиски до опозицијата.
-Дојде, ме опцу и отиде. Јас помислив дека татко му е тој што беше кај него дома и му реков- кажи му на твојот син, ми опцу мајка, шајка, немаше што не ми опцу. Ми вика добро, ќе средам. Јас му реков дека ако така продолжи ќе превземам други мерки. Ми рече- не, остави го него, јас ќе средам со него. И потоа јас тргнувам да го расчистам патот бидејќи доаѓаат претседателот од ВМРО-ДПМНЕ, претставници од ДУИ и други и викам да го расчистам патот за да се започне со работата, и тој кога налета од таму ме фати за рака и почна да вика- мајка и шајка и жена и деца, а јас му велам- чекај, полека, но тој ме бутна. Мене тетратката ми беше во рака, може и сум го удрил не знам, го бутнав јас….Увидов дека е провокатор уште од првиот пат кога почна да ме пцуе, бидејќи јас пред тоа бев саат време таму, чистевме со камион и тој почна да пцуе, а јас се зачудив и прашав кого пцуеш, а тој ми рече- и тебе и Влада и сите што се тука. И толку беше, заборавив. Беа тука и колегите од работа и му рекоа ајде пушти го. Се враќаме и гледаме дека доаѓаат луѓето од другата страна, а јас излегов за да тргнеме некои железа што беа таму, кога тој дојде и пак почна да вика и да пцуе, се залета и ме бутна и јас сакав да го тргнам и со едната рака го бутнав, вели Сулиш кој цел ден им помагаше на сограѓаните.По злоупотребите од страна на медиумите блиски до СДСМ, тој даде изјава за телевизија НОВА каде вели дека не е ничиј телохранител.
Овој гра

Пронајдете не на следниве мрежи: