Советот на Општина Центар денес на својата вонредната седница одлучи да додели парична помош за настраданите граѓани од поплавите во Град Скопје во висина од 1.000.000 денари.Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Томислав Лазаров побара во иднина да се зголеми оваа ставка од буџетот на општината, а советничката Елена Петковска апелираше до Жерновски доколку има можност да излезе на терен целата градежна механизација со која располага општината за да им се помогне на екипите во поплавените подрачја за чистење на улиците од кал, шут и отпад бидејќи навистина им е потребна голема помош.
„Синоќа бев на терен во поплавените подрачја во Синѓелич и во Стајковци каде за жал сликата која што ја видов таму беше навистина потресна и не би можела да ја опишам со зборови, па апелирам до градоначалникот на општина Центар доколку има можност да се пратат екипи на терен за побрзо расчистување на улиците и куќите од калта и целиот шут и отпад кои се направени во погодените места бидејќи има навистина огромна потреба“, рече Петковска.
Градоначалникот се заблагодари за предлогот на советничката и најави дека сета механизација што ја има општината ќе ја стави на располагање, како што побара Петковска.Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Томислав Лазаров побара во иднина да се зголеми оваа ставка од буџетот на општината, а советничка