Уште во раните утрински часови на плоштадот Св. Спасо Радовишки започна хуманитарната акција за донирање, за настраданите во поплавите кои го зафатија Скопје.Радовишани, донирајќи ги потребите продукти на пунктот кој е поставен во центарот на градот, активно се вклучија во Хуманитарната акција која е во организација на Општинската организација на Црвен Крст од Радовиш и ЕЛС Општина Радовиш.
Акцијата се состои во донирање на вода за пиење, конзервирана храна, средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, детергенти, марамици, пелени за бебиња и сл.
Покрај хуманитарната акција општина Радовиш испрати екипа од осум пожарникари од ТППЕ Радовиш со сите расположливи средства и целокупна опрема за испумпување на водата и санирање на последиците од наносите кој го зафатија нашиот главен град.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани, дополнително можат да се вклучат и со донирање на парична помош, со уплата на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966, ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, или со донирање 100 денари преку телефонски повик на 143 400 преку сите мобилни оператори.Радовишани, донирајќи ги потребите продукти на пунктот кој е поставен во центарот на градот, активно се вклучија во Хуманитарната акција која е во