Незапамтено невреме во Макеоднија, Катаклизма во Скопје, потоп во Македонија, главниот град под вода, вака медиумите од регионот известуваа за страшното невреме што вчера ја зафати метрополата и околината.Јутарни.хр објави дека властите во градот упатиле апел граѓаните да седат во своите домови, додека не заврши невремето.
Курир.рс пак пишува дека најкритично е во селата Стајковци во близина на Скопје. Водата ги носеше автомобилите и тракторите во селото, куќите се поплавија, а луѓето спасот го бараа качувајќи се на крововите од куќите, пишува српски Курир.
За невремето известија и голем дел од медиумите во Босна и Херцеговина.
Поплави во Скопје, најмалку 15 жртви, пренесе Дневник.хр Невремето кое вчера го зафати Скопје траеше повеќе од 5 часа . Во текот на ноќта наврнаа 90 литри дожд на метар квадратен , а во првите два часа од невремето регистрирани се повеќе од 800 громови. Главниот град во Македонија поплавен , водата навлезе и во подрумите, а многу граѓани останале заглавени на поплавените улици во своите автомобили, пренесе РТС.
За сголемото невреме во Скопје јави и Ројтерс и британските агенции.
Во невремето во Скопје неколку лица го загубија животот, а има и исчезнати пренесе Ројтерс. Невремето целосно ги потопи улиците во главиот град, дождот утринава престана, но се очекуваат нови врнежи во текот на овој ден, пренесоа британските медиуми.Јутарни.хр објави дека властите во градот упатиле апел граѓаните да седат во своите домови, додека не заврши невремето.
Курир.рс пак пишува