Вчера во ресторанот „Пелистер“ се одржа средба помеѓу двајцата криминалци и од народот прогласени кодоши, кои ги уживаат своите последни денови од слободатаДве години, Заев и Верушевски упорно ја тураат Македонија во криза обидувајќи се да креираат отворен и насилен судир помеѓу Македонските граѓани. Обидувајќи се да добијат власт без избори, две години се служат со мафијашки методи, со објавување на државни тајни, се монтираат телефонски разговори помеѓу државни функционери, новинари, интелектуалци, истакнати граѓани. Резултатот од таа валкана игра, Заев го почувствува на 2-ри Август на Мечкин Камен, кога беше исвиркан од сопствениот народ.
Очигледно ниту тој ниту Верушевски не ја научиле лекцијата, и сеуште е се свесни за она што ги чека.
Вчера во Пелистер се одржа средба помеѓу двајцата криминалци, кои ги уживаат последните денови на слобода, пишува Инфомакс.
Верушевски се товари за кражба на два стана, за уцени на високи државн функционери со нелегално стекнати снимки со цел да го извади сопствениот син криминалец од затвор, а беше и мозокот позади операцијата за втурнување на Македонија во длабока политичка криза. Сега ги ужива последните денови на слобода.
Друштво му прави Зоран Заев, кој исто така ги живее послените денови на слобода.
Заев е обвинет па аболициран за 8 милионски криминал во случајот „Глобал“, бараше мито од струмички бизнисмен во вредност од 200.000 евра, криминално делел тендери од општина Струмица на функционери на СДСМ, легализираше дивоградба „Цареви Кули“, а најважно од се, Зоран Заев беше извршител на планот за втурнување на Македонија во криза и можен конфликт.
Двајцата се надеваат дека странската инсталација по нивно барање сега ќе ги спаси. Предметот „Пуч“ кој сега се наоѓа во раце на Катица Јанева, која дури и да се обиде да ги спаси Заев и Верушевски, тие ќе треба да се соочат со ред други судења и сериозни криминални обвиненија.
Освен тоа и народот ги прочита, па по нивните стапки тргнаа само мафијашите и ситните криминалци, кои како глувци го напуштаат бродот што тоне, откако ја изгубија поддршката од Спасовски како технички-министер на МВР.
Уживајте, уште малку остана!Две години, Заев и Верушевски упорно ја тураат Македонија во криза обидувајќи се да креираат отворен и насилен судир помеѓу Македонските граѓани. О