недела, 29 ноември 2026
Најново

Се уште е активен пожарот во Гоцевата шума

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пожарникарите се уште го гасат пожарот во Гоцевата шума кај Неготино, кој избувна вчера околу 16 часот, информира утринава Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино. Пламените јазици зафатиле трева, меѓи, лозови насади, но и дел од шумата.– Засега не може да се каже колкав дел од шумата е зафатен од пожарот, кој со часови се обидуваме да го локализираме, а кој беше помогнат од силниот ветер. Сега е најважно тој да биде целосно изгаснат, рече Илиев.
Во гаснењето на пожарот тие до еден часот по полноќ учествувале со 8 пожарникари и три противпожарни возила. На помош им дошле и тринаесетина работници од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија со едно возило, тројца кавадаречки пожарникари со противпожарно возило и една цистерна од компанијата „Кожувчанка“.– Засега не може да се каже колкав дел од шумата е зафатен од пожарот, кој со часови се обидуваме да го локализираме, а кој беше помогнат од

Поврзани вести