Канонизацијата е настан што сите нас во Македонија треба да не издигне над секојдневните политички тензии и недоразбирања, и да ни помогне да го препознаеме човекот и човечкото во политичкиот противник. Канонизацијата на Мајка Тереза е чин што ќе го обедини светот. Крајно време е да не обедини и нас, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во вчерашното обраќање по повод Илинден, а во пресрет на прогласувањето на Мајка Тереза за Светица на 4 септември во Ватикан.Церемонијата во Рим на која се очекува присуство на многубројни верници и високи гости од целиот свет, ќе ја предводи Папата Франциск, кој во март годинава го потпиша декретот за канонизација на Мајка Тереза.
Прогласувањето на Мајка Тереза за Светица, Република Македонија ќе го одбележи со низа настани и манифестации, а во Скопје, родниот град на светската хуманистка ќе биде приредена Татковинската прослава, насловена како „Месец на Св. Мајка Тереза“.
„Македонија на светот отсекогаш му подарувала личности кои со својата мисла и мисија ги премостувале разликите и ги поврзувале луѓето и народите“, рече македонскиот претседател во говорот по повод одбележувањето на државниот празник Илинден на Пелинце. Посветувајќи им го животот на отфрлените и на сиромашните во светот, посочи Иванов, скопјанката Мајка Тереза стана препознаена како мајка на милосрдието, или мајка на 20-от век.
На 4 септември, кога папата Франциск во Ватикан ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица, во капелата на нејзината Спомен куќа во Скопје ќе биде одржана свечена Св.Евхаристија. Во чест на канонизацијата на Мајка Тереза во септември ќе бидат одржани повеќе миси во католичката црква, изложби, концерти, прикажување на филмови за живот и делото на светски познатата мисионерка. Во МАНУ ќе биде одржана Свечена академија, како и пригодна академија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Во рамки на татковинската прослава ќе биде организирана и хуманитарна акција, додека централниот настан ќе се случи на плоштадот Македонија. На местото на родната куќа на Мајка Тереза е предвидена духовна програма, а ќе биде прогласено и Светилиште на Св. Мајка Тереза.
Воедно во Рим, ќе биде претставена изложба на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на големата хуманистка, што ќе ја реализираат Министерството за култура и НУ Спомен куќа на Мајка Тереза.
Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква.
Церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, која беше чекор кон нејзино прогласување за Светица беше одржана на плоштадот Свети Петар во Рим во 2003-та година, на која присуствуваа над 300 илјади верници. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше и многубројна македонска делегација, предводена од претседателот Борис Трајковски.Церемонијата во Рим на која се очекува присуство на многубројни верници и високи гости од целиот свет, ќе ја предводи Папата Франциск, кој во март