Денес го славиме народот на Македонија затоа што тој народ ги извојувал победите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор за Илинден.-Илинден е голем ден во нашата историја, историјата на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија. Ден кога секоја година се потсетуваме на нив, на нашите херои и нивните битки и жртви. Но, истовремено земаме аманет дека нивното дело, нивните заслуги и придобивки, слободата која ја извојуваа, храброста со која нè инспирираа, мудроста со која нè просветлија, слободата и независноста за кои се бореа и кои денес ги имаме ќе ги одржуваме, негуваме, развиваме, почитуваме и од нив нема да отстапиме, по никоја цена, во секаков ризик, при секаков предизвик и тоа треба да го знае секој, а најмногу самите ние, истакна Груевски.
-Тоа биле македонските херои кои ставале браник на секоја лоша идеја и кои обезбедувале продор на македонското дело и прогрес на македонскиот народ. Народот е силата која ја создава државата и која ја брани и развива таа држава. И денес народот е господар и така ќе биде се додека постои ВМРО. Затоа што ВМРО е Македонија, ВМРО е дијаспората, ВМРО е историјата и ВМРО е иднината, рече Грувски.
Тој додаде дека гаранција на тој аманет се стотиците илјади македонски срца и души во Македонија, но и срцата и душите на Македонците распространети по целиот свет.
-Затоа што ние сме едно, едно ткиво нераскинливо, едно знаме, едно дело, една света и светла организација, една држава, една мисла и едно име – Македонија, посочи Груевски.
Тој посочи и дека Македонија како и досега ќе излезе уште посилна и пообединета.
-Ние Македонците, одовде на Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега низ историјата одовде ќе излезе уште посилна, уште поуспешна, економски посилна и пообединета. Да ни е за многу години и векови праникот Илинден!, порача Груевски притоа упатувајќи честитка до сите граѓани на Македонија.
-Илинден е голем ден во нашата историја, историјата на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија. Ден кога секоја година се потсету