Како кула од карти паднаа теориите на СДСМ за фантомски половина милион гласачи со кои ВМРО-ДПМНЕ наводно победувала на изборите. Со договорот СДСМ призна дека неосновано ги оспорувале изборните резултати измислувајќи 500.000 фантоми.Иако Избирачкиот список е проверен и прочистен, партиите се согласија уште еднаш да бидат проверени околу 39.000 граѓани кои веќе еднаш беа теренски проверени. Оние 170.000 гласачи за кои се претпоставува дека се во странство ќе бидат означени на посебен извод и со ѕвездичка, но тие во никој случај не го губат избирачкото право.
Низа изјави на Зоран Заев и Радмила Шекеринска пред 24 април, каде лицитираат со бројки на спорни гласачи сега јасно покажуваат дека биле само обид за манипулации и целосни измислици.
И додека Шекеринска изминатиов период лицитираше со енормно голем број на фантомски гласачи, таа во вчерашното интервју на Телма се правдаше за ваквите манипулации со тврдење дека 40.000 лица не биле малку.
-Првото прашање е Дали во Македонија сметаме дека 40.000 луѓе се малку гласачи?, рече Шекеринска.
Лична и идентификација преку „Скајп“ конференциска врска, фотографии, се моделите преку кои 39.502 гласачи спорни за СДСМ, ќе треба да го потврдат своето гласачко право за да не бидат избришани од Избирачкиот список. Рендген-проверката на Избирачкиот список е за да се избегне каква било манипулација дека на изборите гласат таканаречени фиктивни избирачи и е дел од договорот за надминување на политичката криза, кој партиите од големата четворка го постигнаа завчера, пишува ДНЕВНИК.
Проверката на спорните речиси 40.000 гласачи ќе трае 25 дена, односно толку време ќе имаат тие гласачи да потврдат во ДИK дека треба да останат на Избирачкиот список. Ова значи дека податоците за тие гласачи електронски ќе се проверуваат, но и лично во просториите на ДИK и подрачните единици на Kомисијата.
Доколку има сомнеж за некој од тие гласачи, тројца или повеќе членови на ДИK може да побараат и дополнителна проверка на кое било лице. Во таков случај членовите на ДИK може да побараат тие гласачи лично да се појават доколку живеат во земјава. Доколку се во странство, проверката на тие гласачи ќе биде преку конференсциска врска. Дополнителната проверка ќе биде во рок од 10 дена и ќе следува по првата проверка што ќе трае 25 дена.
Пластично кажано, ова значи дека ДИK, на пример, преку „Скајп“ ќе треба да провери дали сомнителниот гласач реално постои. Членовите на ДИK ќе треба да утврдат дали лицето што воспоставило врска преку „Скајп“ е вистинскиот гласач, со тоа што неговиот лик ќе го спореди со фотографијата од личните документи на тоа лице. Нема информации дали ДИK ќе врши и еден вид интервју за лицето да ги потврди своите генералии. Предвидено е ДИK да спроведе и медиумска кампања за да ги информира тие гласачи дека треба лично да го потврдат своето гласачко право.
Доколку во рок од 25 дена овие гласачи не го потврдат своето избирачко право, ќе бидат избришани од Избирачкиот список. Сепак, гласачите што ќе бидат избришани имаат дополнителна можност да се пријават за гласање во ДИK при јавниот увид на Избирачкиот список.
Од ДИK потврдија и дека првпат на претстојните парламентарни избори на Избирачкиот список, освен имињата на гласачите, ќе има и нивни фотографии. Оттаму велат дека експертот од ИТ им потврдил дека се работи на софтверот за вметнување на фотографиите што гласачите ги имаат на личните карти. Избирачкиот список со фотографии на гласачите е одредба предвидена во Изборниот законик.
Најголемиот дел и од овие 39.502 лица се етнички Албанци од 6-та изборна единица, што претставува една од основните причини зошто ДУИ се спротивставувале. Фактички нивната активна регистрација нема никакво влијание на резултатот и разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која на последните избори беше 193.000 гласа. Разликата е слична во повеќе циклуси наназад и се одржува во континуитет.Иако Избирачкиот список е проверен и прочистен, партиите се согласија уште еднаш да бидат проверени околу 39.000 граѓани кои веќе еднаш беа теренск