Македонија ја издаде петтата еврообврзница во вредност од 450 милиони евра, со каматна стапка од 5,6% и со рочност од 7 години. Земјава ги обезбеди неопходните средства за одржување на макроекономската стабилност, пишува Лидер.мк.-Обезбедени се неопходните финансиски средства. Имаме целосна ликвидност на буџетот. Средствата ќе се користат не само во оваа фискална година, туку и во наредната. Со дел од парите ќе исплатиме и доспеани долгови, вели министерот за финансии, Кирил Миноски.
Бизнисмените сметаат дека влезот на свеж капитал во земјава ќе значи и забрзан економски развој.
„Инјекцијата на свеж капитал ќе се одрази позитивно врз стопанството, особено врз градежниот сектор. Вложувањата во капитални инвестиции носат поттик и економски раст“ – вели претседателот на градежната комора при ССК, Роберт Хот.
Сличен став дели и бизнисменот Горан Рафајловски.
„Ако се земаат парите и се вложат во македонското стопанство, тоа ќе биде најмоќниот генератор на македонската економија. Не е важно дали каматната стапка е повисока, секогаш може да се замени со друга еврообврзница кога ќе се стабилизира пазарот, со што парите ќе се вратат“ – вели Рафајловски.
Тензиите од СДСМ ја набилдаа каматата!
Од Министерството за финансии велат дека еврообврзницата е издадена под исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација, иако се свесни дека тензиите кои ги создаде СДСМ ја зголемија каматата. Од ресорот сметаат дека ако не биле попречувањата од страна на опозицијата, каматната стапка ќе била и под 5 проценти годишно, бидејќи имало огромен интерес од инвеститорите.
„Износот на каматата што ќе го платат граѓаните на Република Македонија е поголем од оној што иницијално требаше да го платиме, бидејќи роуд – шоуто кое го организиравме во три светски финансиски центри покажа дека има голем интерес кај инвеститорите, речиси 2,5 повисок од износот што првично беше планирано да биде издаден. Тоа ни даваше гаранција дека каматната стапка на купонот ќе биде под 5%. За жал, со едно неодговорно однесување имаме ситуација во којашто крајната цена од повисоката каматна стапка ќе ја платат граѓаните“ – вели министерот Миноски.
СДСМ додаде уште 25 милиони евра?
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ извршил акт на финансиски тероризам со кој и е нанесена директна штета на Република Македонија. Од владејачката партија велат дека манипулациите и притисоците до светските финансиски институции и создавањето вештачка паника од СДСМ, ја оштетило Македонија за 25 милиони евра.
„Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ до второто издавање е директна заслуга само на СДСМ“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, пак, велат дека новото задолжување ќе ги чини граѓаните 627 милиони евра.
„Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија по промената на власта ќе ја спори легалноста на ова задолжување. Не сме против искористувањето на кој било финансиски инструмент со којшто ќе се надополни дефицитот во Буџетот, но сме против злоупотреба на средствата“ – рече Кире Наумов од СДСМ.
Корпа од инвеститорите за СДСМ
И покрај писмата испратени до потенцијалните инвеститори, до банките и до светските медиуми од страна на СДСМ, Македонија успешно ја издаде петтата еврообврзница. СДСМ доби корпа од инвеститорите, тие довербата и ја дадоа на Владата.
„Успешното издавање на еврообрзницата е верификација на добро спроведениот процес во исклучително неповолен и тежок политички амбиент“ – велат од Министерството за финансии.
СДСМ продолжи со обвинувањата дека јавниот долг достигнал над 50% од БДП. Сепак, од Министерството за финансии велат дека нема простор за загриженост, бидејќи Македонија останува меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа.
„Македонија е умерено задолжена земја и доколку се вкалкулираат средствата од еврообврзницата, согласно податоците на ЕУРОСТАТ, Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг под 50 отсто од БДП“ – велат од ресорот.
Повеќе пари за домашните компании!
Македонија покажа дека има капацитет навремено да ги подмирува сметките и да ги сервисира долговите. Дополнително, за сметка на еврообврзницата ќе се намали и домашното задолжување, што ќе остави повеќе пари за финансирање на домашните компании.
„Несомнено дека еден дел од средствата ќе влезат во стопанството, а ова ќе значи прилив на нови финансии, зголемување на ликвидноста на стопанството, тековно финансирање на нивните потреби, како и проширена репродукција која во крајна линија ќе значи создавање основа за сервисирање на долговите, по основ задолжувањето со новата еврообврзница“ – објаснува универзитетската професорка, Оливера Ѓеоргиевска Трајковска.
„Сите пари кои ќе останат непозајмени на домашниот пазар, ќе останат на располагање и сето тоа би дало дополнителен импулс на домашната економија“ – објаснува професорот Илија Груевски.
СДСМ не ја проблематизираше својата еврообврзница
Првата еврообврзница е издадена во 2005 година, во време на СДСМ, на износ од 150 милиони евра. Парите ги врати владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година. Каматата беше 4,5%, што значи дека е вкупно вратено 217,5 милиони евра. Македонија потоа издаде уште неколку еврообврзници – во 2009 во екот на финансиката криза, во 2014 и во 2015 година.-Обезбедени се неопходните финансиски средства. Имаме целосна ликвидност на буџетот. Средствата ќе се користат не само во оваа фискална година, тук