Благодарение на вчерашното издавање на еврообврзницата обезбедени се неопходните финансиски средствава со што има целосно ликвидност на Буџетот, објасни на денешното гостување во вестите на Сител, министерот за финансии, Кирил Миноски.Средствата, појасни тој, не се користат само во оваа буџетска година, туку и во наредната година а дел од нив ќе бидат искористени за исплата на долговите.
-При издавањето на еврообврзницата во целост е запазена постапката и таа е однапред дефинирана. Постапката на издавањето на најновата еврообврзница по ништо не се разликува од издавањето на сите претходни еврообврзници. Сите оние аргументи кои беа изнесувани од страна на опозицијата се целосно невалидни, почнувајќи од аргументот за постоење на потреба за верификација од страна на дополнителен министер за финансии кој што во моментов го немаме затоа што не постои прецизен датум за избори. Аргументите поврзани со правното мислење на МФ кое во постапката јансо се знае кога се носи и се врши усогласување на сите релевантни чинители а потоа се врши само формализација на целокупниот процес. Исто така аргументите кои беа изнесувани во врска со дефицитот во однос на тоа дека тие средства за надворешно финансирање не се внесени во ребалансот на буџетот, односно сите правни аргументи кои беа изнесени од страна на опозицијата се невалидни, појаснува Миноски.
Миноски подвлече дека според сите параметри е држава која ги има едни од најдобрите перформанси по однос на нивото на задолженост.
Целото гостување погледнете го на следниот линк:Средствата, појасни тој, не се користат само во оваа буџетска година, туку и во наредната година а дел од нив ќе бидат искористени за исплата на до