БЕЈЛИ И НУЛАНД ПЛАНИРААТ ДРЖАВЕН УДАР

Колку и да зборуваме дека машинеријата на САД е подготвена, стратегиски поткована, со претходно спремни сценарија, во Македонија тешко, ако не и невозможно е да им поминат задкулисните, подмолни игри.Целиот свет го посведочи хаосот кој се случи во Турција пред два дена, а да не заборавиме и што се случуваше во Украина претходно, Либија, Ирак и најкрвавото сценарио од сите Сирија. Имено, како и во Турција, така и во земјите кои во моментов се наоѓаат во хаос, се спроведуваше истото сценарио, истата кројка во која учествуваа истите луѓе. Во Турција беше Бејли, во Украина беше Хајндл, во Сирија и Ирак Хојт Ли (своевремено вработен во тамошните амбасади), а сите заедно имаат еден заеднички именител – Викторија Нуланд.
И таму, како и тука, се користеа истите играчи, опозиција која е спремна да ја продаде државата само да приграби дел од власта. Во Ирак, Либија, Украина ова сценарио успеа, и од прва ги погодија вистинските луѓе кои извадија оружје и пукаа по полицијата. Сетете се на Украина. Од мирен протест преку ноќ се претвори во крвава војна, како заслуга на полските снајпери кои на Мајдан пукаа и во полицијата и во народот со цел да направат тензија. И, направија. Опозицијата дојде на „власт“, а е обезвластена бидејќи со државата владее амбасадорот на САД без чиј благослов силниот боксер и кралот на чоколадите не смеат до тоалет да отидат.
Во Сирија, како по кројка. Ја извадија опозицијата на улиците, цела година протестираа и не предизвикаа посилна реакција од полицијата, иако тоа го посакуваа (како и кај нас) за да имаат причина да бараат странска интервенција и да ја демонизираат владата на Асад. Откако, не добија реакција од полицијата, претседателот на САД јавно најави дека ќе ја поддржи сириската опозиција со финансии и оружје за да се спротивстави на режимот на Асад. Така и бидна. Добија оружје, почнаа да убиваат полицјаци, и еве веќе шест години не можат да ги уништат лебарките наречени „умерена опозиција“ односно ИСИС и Ал Нусра.
Пред два дена видовме малку понапредна фаза на државен удар исцениран од САД во Турција. И кога се вели од САД, тоа не е шпекулација. Всушност, градоначалникот на Анкара, но и министерот за труд во владата на Бинали Јилдирим, од владеачката партија на Ердоган директно посочија дека пучот бил предизвикан и раководен од САД, и тоа поради извинувањето на Ердоган до Путин со што почнаа да се рехабилитираат односите помеѓу Анкара и Москва.Бидејќи тесна соработка помеѓу Турција и Русија ќе значи крај на владеењето со Балканската колонија на САД, што поради големите економски проекти, што поради културната соработка помеѓу народите, побрзаа да го симнат Ердоган од власт, и промашија. Народот им го покажа местото.
Но, да заклучиме. Сите овие сценарија се одиграни, успешно или не, во сите наброени држави се одиграа. Единствено, сценариото за државен удар „запна“ во Македонија.
Пред три месеци во јавноста излезе информација дека САД припремале план за државен удар, со тоа што ќе го приведат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Оваа информација прв ја пласираше Миленко Неделковски, а денес можеме и да ја потврдиме.
Знаејќи дека мнозинството народ го поддржува Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, американците паметно процениле дека доколку го уапсат лидерот, тогаш народот ќе излезе на улица и ќе тргне да се пресметува прво со домашните предавници, а потоа одговорност ќе бара и од странските замешатели, а се очекувало дури и напад на некоја од амбасадите на Западните земји.Ова би ги отворило вратите за барање на странска интервенција, прогласување на вонредна состојба и насилна промена на власт, која би била послушна на желбите на гувернаторите од преку океанот, а Македонија би била обезбедена како нестабилно подрачје кое лесно може да се менаџира. Тоа пак би ги гарантирало плановите на САД за потполно затворање на вратите на руско-кинеската економска експанзија, со што Америка би останала сеуште во игра.
Планот бил подмолен, но прецизен. Се чекало по редовен распоред на дежурствата, значи без таласање, на работа во попладневна смена во Општински суд 1 (Кривичен суд) во Скопје да дојдат двајца судии во предистражна постапка, кои се фамилијарно, идеолошки и материјално дебело врзани за СДСМ, СОРОС и дополнително за амбасадата на САД.

 
 

 
Во една таква поставеност на работите, а со координација од лице место (Судот) на американскиот имплант Митко Бурчевски и Кристина Каранакова (инаку задолжена за координација помеѓу амбасдата на САД и СЈО), во таа среда трите словенки од СЈО требале да направат драматична прес конференција околу пладне, и да објават дека го отвораат случајот што планирале да го наречат „Тефлон“, пишуваше пред три месеци „Дудинка.мк“.
Целиот случај би бил за Никола Груевски. Ордите на Оливер Спасовски веќе би имале наредба за приведување на Груевски во моментите кога би се движел од дома до кабинетот во Партијата. Попладнето би бил изведен пред судија, и околу полноќ би му била одредена мерката притвор.
Без разлика на подоцнешните жалби, поништување на притворот и слично, државниот удар би бил изведен.
 

 
Супер испланирано, се добро ама се најде некој „фиљан“ човек, за кој ниту на сон не можеа да претпостават дека ќе ги осуети овие планови на замислените гувернатори.
Тој некој „фиљан“ човек е претседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Неколку дена пред спроведување на ова сценаријо, Иванов прогласи групна аболиција на сите инволвирани политичари и бизнисмени во политичката криза, со што немаше никаква основа за никакво приведување на било кој од политичарите, па ни на Груевски. Подоцна, секако, откако аболицијата ја заврши работата и никој не беше приведен со цел да се предизвика државен удар, истата беше повлечена, а понудено е секој оној кој смета дека е невин да си бара повлекување на аболицијата и својата невиност да ја докаже на Суд. Од сите актуелни политичари во Македонија само уште Заев остана да побара повлекување.
И така, пропадна планот на САД за предизвикување на државен удар и хаос во државата по примерот на Сирија, Либија, Ирак, Украина, Турција…а, приказните дека Груевски играл со Русите, па се договарал со Кинезите, а се скарал со Американците, тоа се чисти небулози кои опозицијата контролирана од УСАИД ги користи за да си ги оправда сопствените грешки и мизерни пропаднати сценарија, ништо повеќе. За нив не е разбирливо како еден Македонец може да изигра империја, да ги издрибла и од нив да направи магариња, без ниту еднаш да ги спомене, критикува, обзнани.
Сега, опозицијата (кога се зборува за опозиција се мисли на Бејли, Орав и останати Западни отпадоци), повторно бара враќање на состојбата пред пропаднатиот проект „Тефлон“. Повторно бараат министер за внатрешни со полни овластувања, повторно бараат учество во владата за спроведување на изборите.
Е, ама овој пат тоа не им поминува. Откако видоа кој им се плановите и зошто им треба МВР, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си донесоа закон со кој се регулираат ингеренциите на техничкиот министер во владата за спроведување на изборите. Па така, тој министер ниту ќе може да врши кадровски промени како што тоа го правеше Оливер кој си поставуваше свои луѓе на клучни места во МВР, послушници кои требаше да бидат ударната тупаница при државниот удар (тие да го апсат Груевски). Според новиот закон, техничкиот министер нема да ги има ниту командните ингеренции, како што ги имаше Оливер, кој распоредуваше полиција со полна опрема на мирните протести на ГДОМ, а обична униформирана (неопремена да контролира) на насилните протести на „Шарените“ и на протестите на ДУИ кои беа од исклучително висок ризик да прераснат во екстремно насилни. Повеќе нема да има ниту можност да ослободува криминалци кои полицијата ќе ги приведе, а без криминалците, СДСМ е немоќна.
Се на се, моќната САД клекна на колена, е поразена токму тука, во Македонија од еден човек.
 
Извор: ИнфомаксЦелиот свет го посведочи хаосот кој се случи во Турција пред два дена, а да не заборавиме и што се случуваше во Украина претходно, Либија, Ирак и н

Пронајдете не на следниве мрежи: