Сите со нетрпение ги очекуваат мемоарите на починатата сопруга на Јосип Броз Тито, со цел да дознаат досега неоткриени тајни за еден од најважните личности во историјата на Југославија и светот. Дел од тајните кои ќе ги откријат овие мемоари на Јованка Броз се за тоа каде се коските на Дража Михајловиќ, зошто навистина е сменет Ранковиќ, каде е златото на Караѓорѓевиќ кое комунистите го затекнале и слични работи.
Милан Шарац во Србија е познат како автор на неколку документарни филмови за познати личности од српската култура, а пред некое време на јавноста и се пофалил дека е еден од ретките луѓе кои редовно се среќавале со Јованка Броз во вилата на Дедиње, каде 34 години живеела во изолација.
Особено внимание привлече неговата изјава дека вдовицата на Тито пишувала мемоари во кои открива многу тајни.
„Белешките на Јованка ќе откријат пет големи тајни. Прво, ќе го дознаеме сето тоа што не сме го знаеле за Тито, потоа ќе дознаеме каде се коските на Дража Михајловиќ, зошто бил сменет генерал Јанковиќ и каде е златото на Караѓорѓевиќ кое комунистите го затекнале и кој за кого работел во текот на Втората светска војна“, открива Шарац за медиумите.
Иако во минатото имаше многу гласини дека Јованка секојдневно водела дневник- хроника на настаните и за луѓето околу Тито, повеќето од главните актери од тоа време се починати. Во потрагата по мемоарите биле вклучени и тајни служби од некои моќни земји, а се зборувало дека Јованка успеала дневниците да ги сокрие кај Индира Ганди.
Шарац се присетил на еден настан што се случил во нејзината вила во Дедиња кога, на шега и гледал на дланка и прорекувал дека ќе живее над 100 години, на што Јованка се насмеала и се сетила на својата баба која живеела 109 години.Дел од тајните кои ќе ги откријат овие мемоари на Јованка Броз се за тоа каде се коските на Дража Михајловиќ, зошто навистина е сменет Ранкови