Ова е период во кој и ние сме посветени на внатрешните предизвици, а и Грција несомнено е свртена кон своите внатрешни проблеми. Ова не е момент во кој би можело да се инвестира поголемо ниво на енергија за надминување на меѓународни проблеми, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски говорејќи за последната средба на Самитот во Варшава со неговиот грчки колега Никос Коѕиас.-Грција е дополнително ангажирана со други спорови, како Кипар и должничката криза. Ние разговаравме за други теми во насока на зголемување на довербата и соработката. Во изминатиов период постигнавме добар резултат на тој план, подигнат е нивото на комуникација помеѓу институциите. Во интерес е да се продолжи во таа насока, изјави Попоски.
Според него, најголемата штета која ја трпиме од политичката кризата е на европски план.
-Ако во изминатите 6-7 години, единствената причина која се наведуваше за неотпочнување на процесот на преговори со ЕУ беше блокадата од Грција, сега веќе многу повеќе се зборува за негаривните последици од политичката криза. Цената која ја плаќаме се однесува и на европскиот контекст, во делот на фондови и располагањето со европските средства од една страна, има редица на објективни пречки кои се валидни колку за Македонија толку и за останатите земји-кандидатки, станува збор за инструментот ЕПА 2. На краток рок, колкава е реализацијата на проектите, односно можноста за неискористување. Не станува збор за кратење на средства туку за намалување на потенцијалот за трошење. Ова е некој план во кој ЕК вели ќе ставиме одредена сума на располагање, доколку чувствуваме дека нема потенцијал за искористување или има потешкотии за реализација, таа сума ќе биде скратена. Единствениот начин за да го решиме ова е излез од политичка криза, зголемување на довербата, со што ќе бидеме во можност тие средства ќе ги вратиме, изјави Попоски.-Грција е дополнително ангажирана со други спорови, како Кипар и должничката криза. Ние разговаравме за други теми во насока на зголемување на дове