Во близина на градот Бор во Србија има вкупно 72 тони злато, покажаа резултатите од геолошкото истражување на компанијата Авала.Водачот на истражувањето Џастин Дер Торн објави дека сега е можно да се почне со детална економска процена на проектот, како би се утврдило дали е можно отворање на рудникот.
– Како најголема истражувачка компанија и имајќи во предвид дека во минатите осум години во овој проект вложивме 100 милиони долари, многу ни е драго што проектот покажува позитивни резултати, рекол Торн.
Извор: Think.mkВодачот на истражувањето Џастин Дер Торн објави дека сега е можно да се почне со детална економска процена на проектот