Коњаниците кои оваа година ќе учествуваат на 38. традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден ги почнаа своите интензивни тренинзи покрај кејот на реката Вардар во Скопје.„Илинденскиот марш 2016“ што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе стартува од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево. Во коњичкиот марш ќе учествуваат коњаници од 15 до 60 години, како и коњаници од од Маврово, Свети Николе и Кичево.
Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години наназад и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата.
Илинденскиот марш, како што соопшти општината, е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром.„Илинденскиот марш 2016“ што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе стартува од Оп