Со воведување на бесплатен студентски превоз, студентите заштедиле над 2 милиони евра, средства кои можат да ги пренасочат и да ги искористат за исполнување на своите останати потреби.Во своето гостување на ТВ Нова, Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека оваа кампања, која произлегла од идејата на млад студент од Скопје, дава одлични резултати.
-Идејата за овие интересни касички потекнува од тоа дека симбол за штедењето е касичката, па затоа и ние сакавме илустративно да ја искористиме и да им покажеме на сите студенти колкава е нивната заштеда во текот на нивното студирање откако е воведена мерката за бесплатен превоз на сите студенти. Мерката е воведена од 1 јануари 2016 година и во текот на 6 месеци ја искористиле над 21.000 студенти месечно. Возниот билет изнесуваше 1050 денари пред воведувањето на мерката,а во текот на овие 6 месеци студентите заштедиле околу 130 милиони денари, односно над 2 милиони евра, истакна Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
Вчера УМС делеше бесплатни касички на сите студенти и симболично им објаснуваше колкава е нивната заштеда, а парите кои ги давале за возниот билет сега може да ги користат за некои други работи коишто им се потребни во текот на нивното студирање.
-Претходно УМС и матичната партија ВМРО-ДПМНЕ во текот на 2015 година се подготвуваше за претстојните предвремени парламентарни избори и подготовка на програмата, па така почнавме со трибини во секој град и секоја општина, допревме до секој млад човек да ни ги каже нивните идеи и тие идеи беа предадени на стручниот тим во нашата партија, па и во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за подоцна оваа идеја којашто беше дадена од еден млад студент тука во Скопје да прерасне во реализација и да биде промовирана и да почне од 1 јануари, изјави Арсовски.
Кампањата „Македонија за младите“ наиде на огромен успех, која произведе 40 идеи кои се преточија во проекти кои се од корист за сите млади. Од нив 27 проекти се за студентите, за да им го олеснат студентскиот живот и стандард.Во своето гостување на ТВ Нова, Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека оваа кампања, која произлегла од идејата на млад