Концесионерот на поранешниот ЗИК Славеј, тетовската фирма „Везешари“, почна со реализација на четиригодишна инвестиција во вредност од три милиони евра. Денеска во рамки на посетата на Кривогаштани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и замениците министри Ванчо Костадиновски и Спиро Ристовски ги посетија земјоделските насади на компанијата.-Со пченка засадивме 560 хектари што ги добивме од државата под концесија на 15 години, а тука ќе се градат и сушарница со силоси за пченка и пченица, фарма за товење бикови, фарма за крави и телиња со капацитет за колење од 1000 грла годишно. Ќе градиме и кланица и на крајот мала централа за биогас. Сета оваа инвестиција ќе биде готова за четири години и со тоа ќе вработиме 70 луѓе. Многу ќе ни значи капацитетот зашто месото што ќе се добива тука е за фабриката во Полог за сувомесни производи. Ќе откупуваме пченка и пченица од земјоделците, изјави сопственикот Арбен Абдурамани.
Според заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски ова многу значи за регионот и за ставање на функција на некогашните капацитети на ЗИК „Славеј“.
-Не само што ќе се развива регионот, ќе се отворат нови работни места, индивудуалните земјоделци ќе може да учат за нови агромерки и одгледување пченка за да ги зголемат сопствените приноси, изјави Костадиновски.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Владата уште лани во повеќе региони во земјава со поволни можности даде големи површини за стопански субјекти под концесија.
-Концесионерството на големите фирми дава можност да се развиваат агроиндустриски капацитети што е најбитно да се отвораат нови работни места, а по тие стапки и регионот на Кривогаштани, рече Груевски.
За градоначалникот на Кривогаштани, Тони Затковски општината отвора големи можности и дава поволности за привлекување инвеститори.
-Поволни можности даваме и ја развиваме индустриската зона во Кривогаштани и покрај оваа голема инвестиција општината веќе е во план да донесе уште неколку инвеститори, рече Затковски.
Груевски и градоначалникот на Кривогштани по средбата со граѓани во центарот на Кривогаштани го посетија сточниот пазар кој е нов и со пари од околу 15 милиони денраи од Агенцијата за рурален развој го изгради за трговија со добиток познат во Македонија.-Со пченка засадивме 560 хектари што ги добивме од државата под концесија на 15 години, а тука ќе се градат и сушарница со силоси за пченка и пчени