Првиот македонски резидентен амбасадор во Бразил и во Латинска Америка Ивица Боцевски ги предаде акредитивните писма на Мишел Темел, вршител на должноста претседател на Бразил. Свечената церемонија се одржа во палатата Планалто во Бразилија, официјалното седиште на кабинетот на бразилскиот претседател.Покрај Мишел Темер, на церемонијата присуствуваа и бразилскиот министер за надворешни работи Жозе Сера, генералниот секретар на Министерството Маркос Галвао и советникот за надворешна политика на В.Д. претседателот Фред Аруда, кои се клучни функционери во сферата на надворешната политика во Бразил.
Претседателот Темер истакна дека Бразил посебно го вреднува фактот што Македонија својата прва амбасада во Латинска Америка ја отвора во Бразилија. Пристигнувањето на првиот македонски амбасадор и најавеното присуство на претставници на државниот врв на церемонијата на отворањето на Олимписките игри ги става взаемните билатерални односи на највисоко историско ниво. За време на средбата, претседателот Темер се потсети на средбата со македонската делегација во 2013 година и го охрабри амбасадорот да продолжи активно и агресивно да се бори за привлекување странски директни инвестиции и за зголемување на трговската размена.
Амбасадорот Боцевски истакна дека Македонија гледа огромен потенцијал во соработката со Бразил, како земја која што полека го зазема местото кое што заслужено и припаѓа, како во глобалната економија, така и на глобалната политичка сцена.
– Основна мисија на новата амбасада ќе биде унапредувањето на економската соработка, изјави амбасадорот Боцевски, кој нагласи дека бразилските инвестиции се добредојдени во Македонија, од каде што добиваат не само пристап кон заедничкиот европски пазар, туку и кон поширокиот регионален пазар.
Македонската амбасада покрај досегашните активности во автомобилскиот сектор, ќе се фокусира и на ИТ-компаниите и развојот на научно-техничката соработка, посебно во оние гранки каде што Бразил предничи во глобалната трка, како и во давањето дополнителен поттик на образовната и културната соработка помеѓу двете земји.
На крајот на разговорот вршителот на должноста претседател на Бразил уште еднаш повтори дека за Бразил е особена чест тоа што Македонија го отвора своето прво претставништво во Латинска Америка токму во Бразилија, а го посоветува амбасадорот да биде почесто присутен во Сао Паоло и во Рио де Жанеиро, како значајни центри на државата, како и дека во својата работа за промоција на Македонија како место за инвестиции ќе треба да ги посети и другите значајни бразилски градови кои се центри на бразилската индустрија и услужен сектор. Соговорниците се договорија дека следниот пат ќе се видат на приемот што вршителот на должноста претседател Мишел Темер го приредува пред церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио, на кој се очекува присуство и на висока македонска делегација.
По завршувањето на приемот кај вршителот на должноста Темер, амбасадорот Боцевски беше испратен со највисоки почести од посебната драгонска гардиска единица на бразилскиот претседател. Mакедонската амбасада е 135-та билатерална амбасада во Бразилија и е еден од најголемите наши глобални дипломатски центри и регионално дипломатско средиште за цела Јужна Америка.
И покрај тоа што Македонија дури сега ја отвора својата амбасада во Бразилија, последниот југословенски амбасадор во Бразилија бил токму Македонец – дипломатот Бранко Трпеновски. Македонскиот архитект Славко Брезовски бил и авторот кој ја освоил првата награда на југословенскиот конкурс за изградба на југословенската амбасада во Бразилија, која што е првото дипломатско претставништво отворено во градот по неговото основање со цел да биде новиот главен град на Бразил.Покрај Мишел Темер, на церемонијата присуствуваа и бразилскиот министер за надворешни работи Жозе Сера, генералниот секретар на Министерството Марк