СДСМ се и против учениците во Берово

Вчера мнозинството во Советот на Општина Берово предводено од  СДСМ покажа дека немаат капацитет за повисоки визии и цели во општеството. Учениците, наставничкиот кадар и родителите се чувствуваат изгирани и разочарани. Вложениот труд да се подготви апликација која ќе биде одобрена и да се најдат партнери од Европската Унија кон што цели и се повикува СДСМ  паднаа во вода. Од наши извори дознаваме дека мнозинстовото воопшто и не знаеле што треба да одобрат со предложениот ребаланас во Буџетот на општина Берово.Од ваквите состојби произлезе и посетата на целиот колектив од ОСУ Ацо Русковски во зградата на ЕЛС Општина Берово. Сите беа едногласни дека состојбата мора да се поправи. Во интерес на учениците и средното училиште ќе биде потребно да се надминат овие теснопартиски интереси и деструктивни ставови. Желбата на присутниот наставен кадар од нашата највисоко образовна институција за разговор со Советниците не се оствари. И покрај обидите да седнат и да се соочат со фактите никој од Советниците предводени од Пртседателот не сакаше да разговара со присутните наставници. Нивното образложение дека не знаат што е тоа  Еразмус+ не им дава за право да се однесуваат како да се на приватна забава и да си играат со иднината на образовниот процес во општината.
Колкава е непромисленоста зборува и фактот дека одобрените 75.036,00 евра грант (средства кои не се од буџетот на граѓаните) на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово во момнето се замрзнати.
 
Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност донесе Решение бр.23-125 од 09.05.2016 година, со кое е одобрена апликацијата за програмата ЕРАЗМУС+, Клучна акција 1, Стручно образование и обука, мобилност на ученици, со која 32 ученици од туристичко угостителска струка ќе се стекната со дополнително образование и искуство. Оваа непромисленост претставува штета и за бизнис заедницита во угостителската дејност која ќе можеше да вработи кадар со искуство од европските земји.
Со одобрената апликација на учениците од ОСУ „Ацо Русковски“ Берово, од угостителско – туристичката насока ќе им биде овозможено да патуваат два пати годишно по 15 дена во Италија.
 
По одобрената апликација на ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност донесе Решение со кое е одобрена и апликацијата поднесена од страна на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово за програмата ЕРАЗМУС+, Клучна акција 1, Мобилност на кадар во училишното образование, со вредност на грантот во вкупен износ од 30.240 евра во денарска противвредност.
Со отфрлањето на ребалансот на Буџетот на Општина Берово без да се разгледа потребата од новонастанатите состојби за одобрените 105.276,00 евра грант штета на директен начин претрпеа и двете училишта во општината. Се прашуваме во чии интерес работат Советниците од СДСМ и за чија корист и дали граѓаните добија одговор на нивната поддршка за тоа што ги гласаа?
 
Оваа состојба во општина Берово е одговор на некои прашања каде се нашите млади.  Кој ги иселува младите во општината и каква е иднината на истокот? Истите тие што силно навиваат и се обидуваат да дадат слика, одговорот нека го побараат кај тие што ги поддржуваат и секојдневно не бомбардираат со нивните лаги. До каде ќе не однесе оваа наше однесување? Кој ќе биде одговрен за состојбите во целокупното општествено живеење?
Дали некој ќе ја понесе одговрноста или јавно треба да се впери прстот кон тие што го разоруваат животот и иднината на младите во Берово. Денес видовме очекувана реакција на безумноста. Соочувањето со наставниците, учениците и нивните родители ќе биде прашање на време. Вчерашните настани не се нималку наивни и ги засегаат образовните институции, вработените, учениците, родителите и бизнис заедницата. До кога вака, до кога незнаењето, немањето на основни човечки вредности, личните интереси и безумноста ќе ја одредуваат иднината на најмладите граѓани во општината.
Овој пат настрадаа тие што воопшто не се виновни за минатото и сегашноста, невините, искрените, другарите, ведрите и расположените, чистите во душа и среце – нашите деца.
Извор:  berovo.orgОд ваквите состојби произлезе и посетата на целиот колектив од ОСУ Ацо Русковски во зградата на ЕЛС Општина Берово. Сите беа едногласни дека состој

Пронајдете не на следниве мрежи: