Министерството за здравство соопшти дека со цел навремено откривање и соодветно лекување на малигните заболувања, континуирано спроведува скрининг-прегледи за рана детекција на малигните заболувања, меѓу кои и карциномот на грло на матка.– Почнувајќи од 2012 година, за скрининг за карцином на грло на матка се поканети над 175.000 жени, а на преглед се јавиле околу 56 отсто (сметано заклучно со 2015 година). Податоците покажуваат дека од година во година расте бројот на жени кои се покануваат на превентивен преглед за карцином на грло на матка, а со тоа расте и бројот на жени кои се јавуваат на превентивните прегледи. Докажано е дека ваквите скрининг-програми по повеќегодишна примена резултираат со намалување на инциденцата и морталитетот од овој карцином, стои во реакцијата на Министерството на прес-конференцијата на неколку граѓански организации.
Според податоците на годишно ниво: во 2012 година биле поканети 37.843 жени, а на преглед биле17.595 жени, во 2013 година биле поканети 40.122 жени, а на преглед биле 20.612 жени, во 2014 година биле поканери 41.542 жени, а на преглед биле 26.270 жени, во 2015 година биле поканети 48.226 жени, а на преглед биле 29.887 жени, а во првиот квартал од годинава биле поканети 7.380 жени.
Во реакцијата се наведува дека ризикот од настанување рак на грло на матка се намалува со вакцината ХПВ. Според податоците, просечниот опфат на вакцинација со ХПВ во државата е околу 40 – 50 отсто, што значи дека се бележи зголемување во споредба со првичниот опфат кој изнесуваше 30 отсто.
– Во однос на споменатата стапка на смртност од карцином на грло на матка, потенцираме дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, истата бележи тренд на намалување во изминатите 15ина години, а во просек изнесува околу 4 (4 починати жени на 100.000, односно околу 40 починати жени на годишно ниво), се вели во реакцијата.
Во однос на наводите изнесени на прес-конференцијата, за недостиг на матични гинеколози во определени општини, од Министерството потенцираат дека со законската мерка за кофинансирани специјализации за матични гинеколози овозможуваат долгорочно решавање на ова прашање со зголемување на бројот на матични гинеколози во државата.
Министерството за здравство, како што се наведува, објави два огласи за кофинансирани специјализации, од кои едниот беше наменет и за матични гинеколози, така што во тек е постапката за потпишување договори со избраните кандидати.
– Докторите кои навреме ќе ја завршат специјализацијата по гинекологија, склучуваат договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија за избран лекар гинеколог и за нив капитацијата ќе се пресметува стимулативно во вредност од 1.000 поени на месечно ниво, во времетраење од 3 години (36 месеци), што претставува значајна стимулација за надополнување на специјалистичкиот кадар во оваа дејност, посочуваат од Министерството за здравство.– Почнувајќи од 2012 година, за скрининг за карцином на грло на матка се поканети над 175.000 жени, а на преглед се јавиле околу 56 отсто (см