На денешната 107-ма пленарна седница во Собранието на Република Македонија, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ја дадоа својата поддршка за Пакет-законите кои даваат зелено светлно за отпочнување на големиот проект „Македонија вработува 2“.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ:
Имено, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и Законот за здравствено осигурување претрпеа одредени измени и дополнувања со цел да се усогласат со најавеното продолжение на мегапроектот „Македонија вработува 2“.
„Македонија вработува 2“ е продолжение на успешните резултати од проектот „Македонија вработува“ чија реализација заврши на 15-ти април оваа година и со кој во изминатиот период во Република Македонија се вработија околу 20 илјади невработени лица.
Со измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се предвидува ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и ослободување од плаќање на персонален данок за работодавачите од приватниот сектор со цел да овозможи опфат на поголем број на категории на невработени лица. Односно работодавачот кој ќе вработи лице од 35 до 50 години ќе се ослободи од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 60 месеци (5 години) сметано од денот на вработувањето. Исто така, овие бенефиции ќе можат да ги почувстувват и самохраните родители и членови на еднородителско семејство кое најмалку три месеци пред вработувањето немал заснован работен однос, приматели на социјална парична помош, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, инвалидно лице со утврдена инвалидност и со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50 %, професионални војници на кои им престанал работниот однос, како и родители на деца со пречки во развојот кои се корисници на посебен додаток најмалку три месеци пред вработувањето.
Покрај измените и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за потребите на проектот „Македонија вработува 2“, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ја даде својата поддршка и за измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за здравствено осигурување со кои ќе се обезбеди социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните кои што ќе бидат опфатени со овој голем проект.
Поради успешноста и одличните бројки кои што ги покажа првиот проект „Македонија вработува“ со кој што се овозможи вработување на над 20 илјади лица, како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, силно веруваме и цврсто сме убедени дека најавеното продолжение на овој проект повторно ќе даде одлични и уште подобри резултати, кои што директно ќе ги почувствуваат како работодавачите, така и невработените лица во Република Македонија.
Преку нашите постојани средби со граѓаните и работодавачите, бевме уверени дека идејата за реализација и продолжување на овој мегапроект е одличен потег кој што директно ќе влијае врз намалување на невработеноста, една од целите која што како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, ги имаме зацртано и ветено пред граѓаните.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ:
Имено, Законот за вработување и осигурување во