Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлагајќи мерки, програми и воедно спроведувајќи проекти за побрз економски развој бележи исклучителни резултати на полето на порастот на извозот.Комисијата за економија и финансии на ВМРО ДПМНЕ ОК Битола постојано ја следи работата на Владата на Република Македонија и овој пат го анализираше извозот од Република Македонија.
Извозот на стоки во 2014 год забележа висок пораст од 15,9% и достигна 3.723 милиони евра што е за 94% повеќе во однос на 2006 година кога извозот изнесуваше 1.918 милиони евра.
Во 2015 година извозот достигна рекордно ниво од 4.051 милион евра, што е најдобро остварување од осамостојувањето на Република Македонија. Во однос на 2014 година извозот бележи пораст за 8,8%, што допринесе трговскиот дефицит да се намали за 2,1%, а покриеноста на увозот со извоз да биди повеќеод 70%.
Уште позначајно е што постепено се менува структурата на извозот. Благодарение на странските директни инвестиции во ТИРЗ Македонија се повеќе се извезуваат производи со поголема додадена вредност.
Во периодот 2007-2015 година просечниот годишен извоз од Македонија изнесува 3 милијарди евра и е двојно поголем во однос на просечниот годишен извоз во периодот 2003-2006 година, кога изнесуваше 1,5 милијарди евра.
Немајќи одговор на ваквата успешна економска политика, со евидентни резултати, на СДСМ не му преостанува ништо друго освен да шири невистини, свесни дека во спротивно ги очекува уште еден убедлив пораз.
Комисијата за економија и финансии на ВМРО ДПМНЕ ОК Битола постојано ја следи работата на Владата на Република Македонија и овој па