недела, 29 ноември 2026
Најново

Германски инвеститори заинтересирани за отворање на капацитет во Росоман

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германски инвеститори се заинтересирани за отворање капацитет за производство на апарати за домаќинство во халата на поранешната фабрика за конзервирана храна во Росоман, информираат од општина Росоман.При денешната посета на Росоман германските инвеститори, придружувани од министерот за странски инвестиции Бил Павлески, ги разгледувале можностите за инвестирање.
– Заинтересирани се за помалиот дел од поранешната фабрика за конзервирана храна, за халата од 3.000 квадратни метри, каде би произведувале апарати за домаќинство. Би вработиле неколку стотици работници, изјави Ѓорѓи Крстевски,  портпарол на општина Росоман.
Поголемиот дел од поранешната фабрика, посочи, е веќе продаден на скопска фирма.
– Таа ќе преработува земјоделски производи, веќе ја вклучи електричната енeргија и ги ангажира првите работници, а официјално стартува со работа најверојатно од септември, информира Крстевски.
Росоманско, оцени општинскиот портпарол, станува актуелно за инвестирање со оглед на местоположбата, сообраќајната поврзаност и многу други предности кои ги нуди за инвеститорите.При денешната посета на Росоман германските инвеститори, придружувани од министерот за странски инвестиции Бил Павлески, ги разгледувале можностите

Поврзани вести