Со ваков наш пристап, и со вакво СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните избори, кога и да се. Што порано – подобро, за да се скратат штетите на економијата, што всушност се директни штети врз грбот на народот, на невработените, сиромашните, компаниите и целото општество. Ова во обраќањето на 25-та Конфереција на УМС го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-СДСМ смета дека колку подолго има такви штети по економијата, дека тоа оди во нивна корист, во смисла дека луѓето ќе помислт дека оддеднаш сме заборавиле да ја водиме економијата како што ја водевме, па треба нив да ги одберат на избори. А штети има. Иако успеваме да ја држиме економијата со стабилен раст, факт е дека без оваа вештачки наметната криза, растот на економијата ќе беше поголем, и ќе имаше и повеќе инвестиции и вработувања и повисок стандард, плати, и заработка, што ќе го подобреше животот. Нашите опоненти, одговорот ќе го добијат граѓаните на следните избори.Колку подоцна се одржат, поголема ќе е казната кон СДСМ заради овие негови политики и штети кои ги прави на сите граѓани Во наредните 4 или 10 месеци, како и да е, Македонија ќе стави крај на оваа политичка игра и политичка хајка. Избори ќе има, и довербата ќе ја добие повторно ВМРО-ДПМНЕ заедно со УМС како еден од нашите клучни столбови, потенцираше Груевски.
На прво место е државата и народот и нејзините интереси, по цена да се жртвуваат и партиски интереси
Од почетокот на 2015тата до денес, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се нападнати со специјални средства, а СДСМ ја има добиено улогата да одглумат вешт напаѓач. Слабо ја вршат таа улога, порача Груевски. Добро е што огромното мнозинство од народот брзо ја сфати играта и не дозволи да подлегне на овој подмолен напад, чии цели сигурно не се во интерес на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, истакна тој.
-ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија, направи проценка на ситуацијата и изгради своја сопствена стратегија за одбрана и надминување на ситуацијата. Таа стратегија некој ја одобрува и поддржува, а некој ја критикува од различни аспекти. Секој различно, зависно од информациите кои ги поседува, аналитичките капацитети, сопствениот карактер и политичко искуство. Таа стратегија не подразбира дека проблемот ќе се надмине без пречки, опструкции, кризи во нејзиното спроведување, лични откажувања и жртви, времени отстапки,попатни корекции и слично. Целите на стратегијата се, на прво место државата и нејзиниот интерес, како и интересот на народот, по цена за тоа да се жртвуваат одредени партиски или нечии лични интереси. Значи државата пред партијата – на дело, рече Груевски.-СДСМ смета дека колку подолго има такви штети по економијата, дека тоа оди во нивна корист, во смисла дека луѓето ќе помислт дека оддеднаш сме заб