Груевски: „Македонско село“ е мошне атрактивна туристичка понуда

Вчера се отвори комплексот „Македонско село“, исклучително пријатно место за престој за секој човек и нова мошне атрактивна туристичка понуда, како за странските, така и за домашните туристи, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Проект кој беше наше ветување и тоа е сега е реализирано ветување. Проект кој одамна беше идеја, но пред неколку години почна да се реализира од страна на Владата на Република Македонија. Минатата година се заврши, а во меѓувреме течеа процедурите за изнаоѓање концесионер и подготовки за почеток со работа. Тоа што досега ми беше сон, сега е реалност. Македонија и Скопје, по примерот на многу други држави и градови доби вистинско и мошне атрактивно етно село. На едно место поголем број куќи и други објекти во различни архитектонски стилови од различни региони на Македонија главно од 19-тиот и 20-тиот век. Многу туристи кои доаѓаат немаат доволно време да ги посетат сите поинтересни места во земјата и да ја запознаат нашата култура, традиција, историја, фолклор, занаети, архитектура и вкусна храна. Местото покрај хотелски капацитети, има и ресторански капацитети, сувенирница, простории за одвивање на повеќе занаети, има етнолошки музеј, бакалница, винарија, место за стадо домашни животни, воденица, рибник, мелница, и повеќе други многу интересни содржини и сите во еден стар традиционален македонски стил кој ќе биде мошне атрактивен за секој граѓанин и турист. Најголем дел од содржините веќе се во функција, а помал дел ќе бидат во наредните неколку месеци, вели Груевски во својот Фејсбук статус.
-Лоциран е на место каде во непосредна близина има и мошне стар и вреден манастир, и неколку џамии, чија блискост едни до други е импресивна и го отсликува македонското мултиконфесионално и мултиетничко општество и држава. Локацијата има дополнителна вредност бидејќи е на повисоко место, и има одличен панорамски поглед на главниот град. Можностите за изнајмување велосипеди, можностите за пешачење и рекреација ќе бидат додатен стимул за почесто доаѓање на многу наши граѓани и многу туристи, се вели во статусот на Фејсбук.
-Честитки за сите кои учествуваа во реализацијата на овој проект раководен од Владата на Република Македонија, Министерството за економија, СОЗР и поддржан од мнозинството во парламентот, пишува Груевски.Да потсетам, од 2007-мата до 2015-тата растот на туризмот во Македонија е повеќе од дуплиран. И покрај политичката криза, оваа година, досега, растот на туризмот, во однос на истиот период лани е 15 отсто повисок што е одлично за само една година. Колку ли ќе беше да не беше политичката криза, црната медиумска кампања против Македонија во некои држави, ,,Диво Насеље,, и слични работи.Овие растови во туризмот се меѓу останатото е и заради многуте вложувања во туризмот од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, инвестиции во нова туристичка понуда. Дел од таа нова понуда е и музејот на вода – заливот на коските во Охрид, целиот комплекс кај Плаошник кој полека се привршува, новите плажи на различните езера во Македонија, пешачките патеки покрај езерата и реките, многуте споменици и скулптури во Скопје, Охрид, Прилеп, Битола… средувањето на ѕидините на калето во Скопје, новите плоштади, летниковци, колонади, театри, новиот археолошки музеј, новиот Музеј на македонската борба, музејот Спомен куќа на Мајка Тереза, музејот на холокаустот, музејот на Тоше Проевски во Крушево, музејот на ВМРО во Штип, новиот музеј на Др. Христо Татарчев во Ресен, жичарницата на Водно, средената Зоолошка градина во Скопје, новите државни сувенирници, новите пешачки и украсни мостови во Скопје, со многу скулптури на историски или митски ликови или настани, повеќето нови фонтани во Скопје, новите објекти и згради изградени во Скопје главно како дел од проектот Скопје 2014-та со атрактивен изглед, новите фасади на многу приватни и државни објекти, новите градски автобуси со атрактивен дизајн, реновирањата на старите цркви, манастири (како Бигорскиот и Зрзе на пример) и џамии (Шарената во Тетово), обновата / реконструкцијата на старите градски фасади со историска вредност и дизајн, новите понуди по новите ископувања во археолошките локалитети, давање на можности за спортска понуда на туристите како тениски терени, спортски сали, игралишта и слично, и многу други стари но и нови содржини кои не постоеја пред 2006-тата. Македонско село ќе биде едно од поатрактивните туристички атракции во иднина.
-Како резултат на сето ова, на сиот овој труд, инвестиции и ангажман, не само што се наполнија македонските хотели и приватно туристичко сместување, туку се изградија голем број нови мали или од среден обем хотели, винарии и други сместувачки капацитети, а и некои поголеми како на пример хотелот Мериот во Скопје.Се ова, заедно со природните убавини во Македонија, многуте стари цркви, манастири и џамии, тврдини и калиња, камениот мост и други слични атрактивни историски мостови и објекти низ Македонија , старите чаршии, крстот во Скопје за кој сум горд што во неговата градба имав своја значајна улога како министер за финансии, музеи изградени во минатото, но и вкусната храна и вино, гостопримството, богата историја, традиција и фолклор, прават се поинтересен туристички пакет наречен Македонија.Владините субвенции за тур-операторите кои носат странски туристи, како и субвенциите за ефтини и многу нови авионски линии, рекламите и спотовите кои со години одат на CNN и други меѓународни медиуми, кампањата за поттикнување на домашен туризам наречена ,,Истражи ја Македонија,, , новите аеродроми, автопатишта и други патишта, новите железнички вагони, реконструкцијата на железничките станици дадоа дополнителен импулс на планот на владата да ја направи Македонија атрактивна туристичка дестинација. И тоа се случува. И продолжува. И ќе продолжи. Со нови инвестиции и нова понуда во туризмот. Се повеќе луѓе се вработени во секторот туризам и живеат и егзистираат од него. Туризмот носи пари, носи девизи, отвора нови работни места, создава мостови на пријателство, носи инвестиции во туризмот, носи нова убава слика за Македонија и решава многу проблеми.Јас сум поборник за развојот на туризмот во Македонија. Сите што тоа им е важно и им значи, независно од кои причини, секогаш ќе ме имаат на нивна страна. Ние градиме и ќе продолжиме да градиме. За Македонија и за сите што живеат во неа. Жалам што во времето на СДСМ не се сеќавам дека се инвестираше од државата барем во еден нов туристички објект или содржина. Штета. Ќе бевме многу понапред и подобри. Мораме да го надокнадиме тоа. Затоа мораме да останеме посветени на овој сектор. Туризмот ќе биде сериозно застапен и во нашата нова изборна програма, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.
Груевски вчера изјави дека кај сите оние туристи кои се дојдени на многу кратко во Македонија и кои ќе го посетат ова место ќе создаде желба да се вратат повторно во Македонија и да видат повеќе вакви интересни објекти и места во различни региони ширум цела Република Македонија.
Тој додава дека неговиот сон се остварил, како и дека му е драго, што некогашната идеја денеска станала реалност.
-Ова е една стара идеја што ја имав од 1999 година, но реализацијата се случи подоцна, кога станав претседател на Владата, некаде 2008 или 2009 година, а се заврши пред една година. Во меѓувреме се бараше концесионер, течеа процедурите и подготовките за почеток со работа. Тоа што досега ми беше сон, сега е реалност. Македонија и Скопје, по примерот на многу други држави, изјави Груевски.-Проект кој беше наше ветување и тоа е сега е реализирано ветување. Проект кој одамна беше идеја, но пред неколку години почна да се реализира од с

Пронајдете не на следниве мрежи: