„Коѕиас против санкции кон Скопје“, „Централниот проблем на ПЈРМ е недстиг на култура за демократски дијалог“, „Властите на ПЈРМ не се во позиција да прават внатрешни компромиси“, се само некои од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми кои се уште известуваат за изјавата на шефот на грчката дипломатија во Луксембург.Никос Коѕиас по Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, даде обемна изјава за новинарите во која информира за што се зборувало на состанокот и повтори некои од неговите познати ставови, кои, всушност, ја одразуваат позицијата на официјална Атина. Грчките медиуми, без коментар, веќе трет ден ја пренесуваат неговата изјава.
Грчкиот дипломат на состанокот објаснил дека во 1997 година, кога Атина стави вето на Турција поради кипарското прашање, сите во Турција рекле дека откако Грција ќе го укине ветото, Турција ќе стане членка на Европската унија веќе следниот ден, и оти во земјата нема да има демократски проблеми.
– Се докажа дека од 1997 година до денес – 19 години, а 17 од Тампере и Хелсинки, каде што беше укинато ветото – проблемите од тоа време продолжија да постојат во Турција и денеска, и во односите на Турција со Европската унија. Јас не барам кој или што е виновен. Јас го проценувам фактот, одговарајќи кусо, како што го направив, на аргументот дека ако ние не ставевме вето поради спорот со името, Македонија денес ќе беше стабилна. Развојот на настаните во односите меѓу ЕУ и Турција покажа колку тие изгледи се погрешни, изјави Коѕиас.
Тој ги „потсетил“ учесниците на состанокот дека минатата година, на истиот Совет од јуни 2015 година, истакнал дека „постои голем проблем со Македонија, која е во дефицит со функционирањето на демократијата, а особено во однос на културата на демократски дијалог и компромис“.
– Овој дефицит се должи и на земјите-членки на Европската унија, кои себеси се нарекуваат пријатели на Македонија, членки кои ги „учат“лидерите на Македонија да не прават компромиси, бидејќи тие, овие земји-членки ќе и ги решат проблемите на ПЈРМ. Им кажав тогаш, минатата година, дека, за жал, преку начинот на кој се однесуваат со ПЈРМ и товарот го префрлаат на Грција, на крајот властите на нашиот сосед нема да бидат во позиција да направат домашни компромиси кои се неопходни за развојот на демократијата, рече Коѕиас.
Тој додаде дека, „за жал, се покажало дека бил во право“.
– Затоа што ова раководство, поради начинот на кој го третираат Европејците, не научи да прави компромиси, и главните прашања кои ги имаме денес се: прво, да им се помогне со културата на компромис, второ, да се помогне во развојот на демократијата, особено преку придонес да има регуларни изборни правила, и демократско функционирање на медиумите. Трето, дека тие не треба – затоа што ова се слушна – да разгледуваат воведување санкции. Во принцип, како и грчката Влада, јас сум против системи на санкции. Во случајот со ПЈРМ, исто така, ние нема да дозволиме санкции. И вистинските пријатели на стабилноста на оваа земја се земји како Грција и Бугарија, а јас им повторив дека создавањето на оваа држава е реален факт на кој секој мора да гледа позитивно. Но, името на оваа држава и иредентизмот што го крие името се негативни елементи, изјави шефот на грчката дипломатија.
Тој информира дека на состанокот зборувал и за потребата да се истрае во однос на добрососедските односи со сите земји, подвлекувајќи дека Македонија, „преку прашањата што ги покренува, како и другите земји од Западен Балкан, не ги следат правилата на добрососедските односи“.
– Особено истакнав дека сме сведоци на раѓањето на еден нов, уникатен бран на национализам во Западен Балкан, кој мора да биде предмет на многу поголемо внимание од страна на целата Европска унија. Затоа што национализмот е тој што може да уништи држави и европскиот курс и мир и стабилност во регионот. И оваа порака не е само за Скопје, туку, исто така, главно, за земјите каде што, и покрај предлозите што сме ги дале, предлози кои му се познати на заменик-претседателот на Европската комисија, предлози за нашите други соседи, – гледаме пораст на национализмот кој не е од корист за постигнување на разбирање со овие држави и не помага во европскиот курс на овие држави, и ако продолжат да дозволуваат ширење и јакнење на национализмот, ќе има соодветни последици за нивните европски курсеви, изјави Коѕиас.
Тој исто така кажа дека на состанокот било разговарано и за политичката ситуација во Македонија.
– Го кажав ова и го нагласив: дека треба малку да зборуваме за внатрешните работи на Македонија, треба да и помогнеме со сите дипломатски патишта и можности, преку дипломатски канали, и не постојано, јавно да се притискаат лидерите на ПЈРМ да се движат во една или друга насока. Колку и да се повикуваш на демократија, кога вршиш притисок може да се смета за недемократско однесување или да генерира непријателски чувства кон демократијата, рече грчкиот министер за надворешни работи во Луксембург.Никос Коѕиас по Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, даде обемна изјава за новинарите во која информира за што се зборувало на состано