Шарената револуција не е само плагијат и акт на платенички менталитет, со кус памет и огромна фрустрација, туку е еден нов феномен што се појавува во не докрај развиените демократски општества, посебно на местата каде што избиваат т.н. обоени револуции, феномен што може да се нарече со името неоварваризам или џихадизам – вели за „Дневник“ познатиот македонски сликар Ацо Станковски по завчерашниот обид на демонстрантите да ја урнат статуата „Прометеј“ во центарот на Скопје.Според него, станува збор за појава при која се што не припаѓа на нивната ригидна идеологија или култура станува цел за уништување. Станковски тврди дека станува збор еден жален културен феномен кој е финансиран од неолибералните кругови со цел политички да се манипулира постојниот непослушен систем и да се создаде хаос преку рушење на симболите и вредностите на опонентите.
– Исто како што на почетокот на 19 век во Англија чартистите ги уништуваа машините гледајќи во нив конкуренција за човечката работна рака, така и овие политички дегенерици напаѓаат по спомениците и другите културни обележја со цел да го понижат и деградираат вредносниот систем на општеството и владејачката класа како претставник на волјата на народот. Овој политички идиотизам нема никакви други перспективи освен да создаде хаос и низ перманентна реакција да предизвика остра контрареакција кај владејачките структури кој потоа низ нивниот медиумски систем ќе биде претставуван како недемократски тоталитаристички начин на владеење кој не им е достоен на луѓето од тие општества – истакнува Станковски.
Тој додава дека во таков случај следниот чекор би бил да се „ламентира кај т.н. меѓународна (токму кај нарачателот) за евентуална воена интервенција и ставање во позиција на протекторат на дадената земја“ доколку е тоа можно или создавање тотален хаос и неможност за достоинствено и мирно живеење на популацијата од државата што е избрана како цел на нападот на американскиот хегемонизам и неговите трабанти.
– Што се однесува до македонскиот народ, с` повеќе и повеќе овие неовандали и талибанци предизвикуваат стравотна одвратност и се плашам дека во прашање е ден кога народот ќе излезе од политичката контрола на своите избраници и ќе влезе во масовен контраудар на овие здодевни Сорососви комарци и гадинки – вели Станковски.
ПАЛЕЊЕТО НА ХРАМОТ НА АРТЕМИДА
Немал талент, а сакал да биде славен
– Најдрастични примери во историјата се манијакалното палење на храмот на Артемида од страна на Херострат, кој немал никакви таленти, а сакал да биде славен, па го запалил храмот преку деструкција да си осигури место во историјата. Потоа наездата на вараварите и вандалите на Рим кои уништуваа културни содржини во древниот град, па познатото Сталиново уништување на повеќе од 30.000 цркви во Русија и Сталиновите ликвидации на повеќе од 65.000 свештеници. Во овој контекст вреди да се потсетиме и на масовните палења на книги, слики (Kандински, Kирхнер итн.) и скулптури од авангардите уметници од страна на нацистите кои уметноста на модернистите ја нарекуваа дегенерирана уметност. Да ги споменеме и Пол Пот и Црвените кмери, потоа уништувачките походи на Kју-клукс-клан и, конечно, исламистите за да дојдеме до обоените револуционери кои веројатно инспирирани од сите мрачни тоталитаристички движења влегоа во најмрачната можна политичка авантура – вели Станковски.Според него, станува збор за појава при која се што не припаѓа на нивната ригидна идеологија или култура станува цел за уништување. Станковски тврд