Дрогирана Србинка имала пеколен одмор на грчкиот остров Лефкада

Страшна вест ја потресе Србија откако се дозна за пеколниот одмор на 22 годишната Србинка која летувала на грчкиот остров Лефкада. Србинката А.М. (22) не ни сонувала дека наместо да се сонча на прекрасните плажи во Грција таа ќе го има најпеколниот одмор во својот живот. 
Наместо со убави спомени од летниот одмор на грчкиот остров Лефкада, таа се вратила дрогирана и завршила на психијатар. 
А.М. отпатувала на Лефкада преку позната белградска туристичка агенција која организирала ефтини патувања наменети главно на млади студенти. По 10 дена престој, девојката се вратила во катастрофална состојба. Српските медиуми дознале за случајот од нејзин пријател, пренесува српски Курир.
„Првиот шок го доживеав кога ја здогледав својата другарка на аеродромот, а таа не ме ни препозна. Веднаш сфатив дека нешто не е во ред“, објаснува пријателот на младата девојка. Тој вели дека сфатил дека нејзината состојба е сериозна кога му се пожалила на болка во бубрезите.
„Ја кренав нејзината маица и видов ужасни модринки по телото. Веднаш ја однесов во Ургентниот центар и ги повикав нејзините родители. Лекарите утврдиле дека несреќната девојка има огромна количина на амфетамини во телото, дрога која лесно може да се раствори во течност или во било каква пијачка. Во тој момент стана јасно што и се случува на несреќната девојка“, објаснува пријателот на А.М., додавајќи дека таа никогаш не запалила ниту цигара.
Лекари констатирале дека на девојката и откажал еден од бубрезите, а потоа неколку дена била потполно без свест. Србинката е во болница веќе три недели.Србинката А.М. (22) не ни сонувала дека наместо да се сонча на прекрасните плажи во Грција таа ќе го има најпеколниот одмор во својот живот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: