Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го додели признанието „Најдобар млад научник” за 2015 година на д-р Михаела Ангелова, која работи на полето на биоинформатика. Таа е избрана на отворениот јавен повик на кое за ова признание за 2015 се пријавиле десет млади научници од Македонија.Признанието „Најдобар млад научник” за врвни научни достигнувања се доделува шеста година по ред. Целта на доделувањето на ова признание е да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.
Михаела Ангелова (Виница, 1986) минатата гидина докторирала на Медицинскиот факултет во Инсбрук, Австрија, стекнувајќи го звањето доктор на науки по биоинформатика, на тема „Имуногеност на рак на дебелото црево“. Додипломските (2009) и постдипломските студии (2010) ги завршила на Факултетот за електротехника и информациски технологии на УКИМ во Скопје, со просечен успех 9.95 и 9.88.
– Лично сметам дека иднината на науката е во мултидисциплинарноста и десиминацијата на податоци, со што науката станува се подостапна за љубопитниот ум. Науката ги задоволува љубопитноста, креативноста и иновативноста, а воедно дава можност и за придонес во општеството преку соочување со предизвиците за решавање актуелни проблеми, рече Ангелова. За добиеното признание рече дека е мотивација да продолжи со истражувањата. Му се заблагодари на Претседателот на РМ, како и на нејзините ментори – академик Љупчо Коцарев и проф. Златко Трајановски.
Ангелова за време на студиите била на размени на универзитети во Грац и Париз, вклучена како помлад истражувач во МАНУ, а по докторирањето работела како научен истражувач на Институтот за биоинформатика на Универзитетот во Инсбрук. Од август 2015 таа работи како научен истражувач, постдокторант биоинформатичар во лабораторија за интегративна имунологија на ракот во Париз. Коавтор е на седум научни трудови објавени во списанија со импакт-фактор, учесничка на меѓународни конференции и добитник на голем број домашни и меѓународни награди.
Целта на наградата „Најдобар млад научник“ што ја доделува Претседателот на Република Македонија е вреднување на дострелите на младите македонски научници. Ангелова е шеста добитничка на ова високо признание, кое од 2010 година го добија и младите научници: Никола Златанов, Трифче Сандев, Катерина Бачева, Петар Стојанов и Даниел Денковски.
Претседателот Иванов на врачувањето истакна дека како и секоја година на повиците се пријавуваат научници чии достигнувања и предизвикуваат потешкотии на комисијата која треба да го избере најдобриот што ќе биде носител на признанието. „Убеден сум дека со изборот на најдобриот млад научник придонесуваме кон поттикнувањето на интересот за младата македонска научна мисла. Креативноста и постигнувањата на нашите млади научници се доказ дека имаме голем потенцијал во сите научни области. Оттука, треба да направиме сè, младите научници да ги заземат своите места во образованието, институциите, компаниите во кои ќе можат најмногу да придонесат со својата научна работа“, рече претседателот Иванов.Признанието „Најдобар млад научник” за врвни научни достигнувања се доделува шеста година по ред. Целта на доделувањето на ова признани