Трагично загинаа две деца во сообраќајна несреќа

Две деца кои се рoднински поврзани на возраст од три и десет гоодини загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Ниш-Белград, јавуваат српските медиуми. Тешката сообраќајна несреќа се случила утринава на автопатот Ниш-Белград, а покрај двете загинати деца, други седум лица се повредени. 
Се судриле две комбиња со холандски и со француски таблички, кои се движеле во колона едно по друго. Во нив се возеле турски емигранти во ЕУ, кои се враќале од одмор во Турција.
По меѓусебниот контакт, двете возила удриле во заштитната ограда и се превртувале.
Противпожарните екипи морале да ги сечат возилата за да ги извадат патниците.
Едното дете загинало на место, а другото на пат до болница. Тешката сообраќајна несреќа се случила утринава на автопатот Ниш-Белград, а покрај двете загинати деца, други седум лица се повредени. 

Пронајдете не на следниве мрежи: