Пратеникот Димитар Стевананџија од собраниската говорница денес изјави дека иницијативата за импичмент која што ја поднесе СДСМ не поминала ниту кај граѓаните, ниту кај новинарите.-Образложението за импичментов и првиот говор беа доволни почитуваните новинари од галеријата, ваши непријатели, да проценат дека овој шарен балон се издиша уште на почетокот. Првата причина е што до ден денес единствен аболициран политичар во Македонија е Зоран Заев и второ единствен македонски политичар кои што после 9-ти мај молел кај господинот Иванов да биде аболициран е Зоран Заев. Затоа оваа тема денес е издишана и затоа новинарите веќе си отишле, рече Стевананџија.
Стевананџија потсети дека Ѓорѓе Иванов е човекот кој што освоил најмогу гласови на сите досегашни претседателски избори од осамостојувањето на Република Македонија.
-Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека човекот за кого што барате импичмент е личност која што во 26 години демократија и плурализам освоил најмногу гласови. Повеќе од пола милион гласови, тоа е за почит и за респект, додаде Стевананџија.
Пратеникот исто така напомена дека епитетот „мафијашка држава“, Македонија го добила уште со мафијашката приватизација и бркањето на 240 илјади луѓе од работа.
-Рековте дека Македонија била мафијашка држава. Тој епитет го заслуживме уште во 90-тите години со мафијашката приватизација, со мафијашката трансформација на македонските фирми кога 240 илјади граѓани во Република Македонија, останаа на улица. И ден денес ги трпиме тие последици и ние и тие и нивните семејства. И во иднина многу би било подобро да не го спомнувате Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е составен од луѓе кои што последните 10 години направиле програма, ја понудиле пред граѓаните и 11 пати со ред ја добивале нивната поддршка. Што понуди опозицијата кажете вие, запраша Стевананџија.-Образложението за импичментов и првиот говор беа доволни почитуваните новинари од галеријата, ваши непријатели, да проценат дека овој шарен балон