Кон крајот на јуни, на неколку локации низ Македонија ќе започне реализацијата на проектот за фитнес зони на отворено. Наместо 18, како што беше ветно, ќе се градат 20 фитнес зони, а изградбата која беше планирана во октомври, ќе започне порано од предвиденото, односно овој месец.-Проектот за фитнес зони за младите ќе почне предвреме од нашето ветување. Од оној момент кога јас го најавив пред неколку месеци тој беше дел од оној пакет за 40 нови проекти за младите луѓе во Македонија, тогаш најавив дека ќе започне да се реализира од септември, но информиран сум дека реализацијата ќе започне кон крајот на овој месец јуни. Тоа се на некој начин теретани на отворени и она што е значајно е што оваа опрема што ќе биде поставена, на почетокот беше најавена на 18 локации, но подоцна се прошири на 20, така што сега ќе биде на 20 локации низ Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по денешната промоција на десет нови наслови од проектот за превод на илјада стручни и научни книги.
Отворените фитнес зони ќе бидат еден вид теретани на отворено и место каде што ќе може многу млади, но и повозрасни да рекреираат на најсовремена фитнес опрема.
-Такви фитнес зони какви што сега ќе се прават во моментов не постојат во Македонија, зборувам за фитнес зони на отворено. Тука и таму има по нешто низ парковите и покрај кејот, но тоа е далеку од оа што сега се предвидува, од оние спшрави кои сега ќе бидат поставени, далеку пософистицирани, подобри и не случајно велам на некој начин ќе биде фитнес зона на отворено или теретана на отворено и тоа е дел од нашето ветување кое го дадовме, а ние како што знаете кога ќе ветиме нешто цврсто стоиме до ветеното и го остваруваме често пати и пред време како што е во овој случај, додаде Груевски.
-Проектот за фитнес зони за младите ќе почне предвреме од нашето ветување. Од оној момент кога јас го најавив пред неколку месеци тој беше дел од о