вторник, 24 ноември 2026
Најново

Најава за ново поскапување на бензините!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика донесена минатиот понеделник, дизелот поскапе за 3 денари, бензините за 2 денари по литар.Малопродажните цени на бензините се зголемија за 2,00 ден/лит  и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 3,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.
Американската нафта за испорака во јули вчера на берзата во Њујорк се продаваше за цена од 49,19 долари за еден барел.
Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија вчерашното тргување го заврши на ниво од 50,1 долари за барел. 
Оваа цена е за долар и половина повисока од просечната цена врз основа на која се формираа малопродажните цени минатиот понеделник. 
Наредната корекција е закажана за 13 јуни. Ако се задржи ваквиот тренд на цените, тогаш за очекување е поскапување за околу 1 до 2 денари по литар.
Иако во моментов цената на нафтата бележи стагнација, предвидувањата се дека таа ќе расте кон средината на летото. Во таква ситуација, за верување е дека за летните одмори, ќе полниме гориво по 70 денари за литар.Малопродажните цени на бензините се зголемија за 2,00 ден/лит  и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажнат

Поврзани вести