Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го испочитува Судот и денеска се појави на распит во Основниот суд Скопје 1.Груевски се одзва на поканата и пристигна на распит кај судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, како осомничен во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Појавување на Груевски пред Судот следи откако вчера СЈО достави предлог на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да му биде определена мерка за обебзедување на присуство. Со ова СДСМ и Катица Јанева започнаа отворање на ново поглавје во политичките хајки во режија на специјалното јавно обвинителство.
Во таа кампања на оцрнување, специјалната јавна обвинителка Јанева не успеа да се оттргне од улогата на беспоговорен спроведувач на нарачките на Заев. Овој најнов изблик на неинвентивна креативност на социјалдемојкратите и социјалдемократското специјално обвинителство има за цел обид за нанесување на штета на угледот на Никола Груевски, кој е најпопуларен македонски политичар со 3 пати поголема поддршка од струмичкиот градоначалник.
Како што пренесоа дел од медиумите кои се под контрола на Сорос и СДСМ Катица Јанева поднела барање до судот за одземање на патната исправа на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, а како дополнителна мерка предложила Груевски да биде задолжен редовно да се јавува во судот.
Според нашите извори во образложението немало ниту една рационална причина за ваквиот став на специјалното јавно обвинителство, што укажува дека се работи за класично политички мотивирано барање. Нерационално е да се бара ваква мерка за Груевски кого што секојдневно може да го видиме низ македонските градови и села и кој претендира за нов мандат кој е потврден од граѓаните кои во огромна бројка му даваат поддршка.
Изворите кои ги консултиравме веднаш ја препознаваат политиката зад ова, особено што тимот на СЈО и Катица Јанева не наведуваат ниту една изјава во која Никола Груевски рекол дека нема да го почитува судот или пак дека ќе замине во странство. Од таму коментираат дека одамна не виделе ваков празен предмет, без факти и аргументи, кој треба да има само политичка употреба. И на СЈО му е совршено јасно дека со случајот нема ништо правно издржано, туку тоа е со цел да се добие уште една тема во јавноста за која политички СДСМ би дебатирала, а Груевски би бил мета на црна пропаганда и кампања.
Она што е исто така многу видливо и ја покажува пристрасноста и необјективноста на Јанева и СЈО е двојниот аршин кој тие го демонстрираат а добива се поголеми размери. Политичките насоки во делувањето на Катица Јанева се повеќе од очигледни кога ќе се погледне дел од соопштението кој се однесува на случајот „Пуч“ во кој осомничени се Зоран Заев и Зоран Верушевски. Од СЈО само информираа дека ќе побараат процесот да продолжи без да предложат никакви дополнителни мерки. Катица Јанева претходно ги ослободи од притвор Верушевски и останатите обвинети, а за Зоран Заев ги повлече мерките за негово обезбедување пред судот, иако лидерот на СДСМ досега веќе е аболиран за криминал тежок 8 милиони евра, а пред точно една година изјавуваше дека тој не го признава судот и нема намера да се појавува. Тоа е дијаметрално различен пристап во однос на овој кој се покажува кон претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа тактика на Заев и Јанева не е неочекувана, и нема да донесе резултати велат експертите. Премногу е јасна политизацијата која тие ја прават, а јавноста тоа го препознава и не им дава поддршка.
Во последното пишано интервју за Телеграф и самиот Груевски посочи на аномалиите и пристрасноста на работата на СЈО.
-Делуваат како партиски огранок на СДСМ. Ставени се во функција на СДСМ. Значи нивниот пристап не е да истражат како било, дали тоа што го тврдеше СДСМ е точно или не, и евентуално во законска постапка да приберат докази доколку е точно, туку по секоја цена да се одбрани и докаже дека СДСМ бил 100 осто во право. Таков е пристапот. Заев објави, а ние сега сме тука да тоа го докажеме независно дали е така или не неговото тврдење и обвинување. По секоја цена, и со сите дозволени и недозволени методи, со притисоци и закани како кон сведоците и институциите, така и кон судот и судиите, и со континуирано барање помош за притисок во ист правец од претставниците на меѓународната заедница. Од авион се гледа дека овие луѓе кои ја окупираа оваа институција се длабоко партиски мотивирани, да му помогнат на СДСМ, а да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Груевски.Груевски се одзва на поканата и пристигна на распит кај судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, како осомничен во случајот &bdquo