Гласачите веруваат дека за нивните барања и потреби најмногу се грижи ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните се уште имаат најголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ, далеку поголема од онаа која ја имаат во СДСМ, покажа најновата анкета на Брима Галуп.Брима Галуп, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, анкетата ја спроведе на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.
Гласачите во земјава веруваат дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ најмногу се грижи за нивните барања и лични потреби. 26, 9 проценти од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а само 16 отсто дека тоа е СДСМ.

Анкетираните главно му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „На чиј збор и верување повеќе им верувате – на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, 32,8 проценти од испитаниците се изјасниле дека веруваат во ветувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а 15,3 отсто рекле дека повеќе веруваат на СДСМ.

И кога ќе се издвојат одговорите на испитаниците кои се Македонци, се јавува повеќе од двојна разлика, во корист на ВМРО-ДПМНЕ – 40 отсто се изјасниле за владејачката партија, а 18,4 проценти за опозиционата партија.
Брима Галуп, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт,

Пронајдете не на следниве мрежи: