Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска беше во работна посета на охридско-струшкиот регион. Активностите Ристовски ги почна во селото Косел, каде на свечен начин беше предадена во употреба реконструираната спортска сала во рамки на Основното училиште „Ванчо Николески“.– Станува збор за инвестиција на Министерството за образование и наука вредна 50 илјади евра, за целосно реконструирање на спортската сала и нејзино опремување со соодветни спортски реквизити. Учениците, но и жителите на Косел, сега ќе можат да реализираат спортски и рекреативни активности во современи услови, рече Ристовски.
Во рамки на посетата на Охрид Ристовски на 67 вработени во основните и средношколските образовни институции во општината им врачи решенија за трансформација на работен однос.
– Од почетокот на реализацијата на овој процес од 2009 година во рамки на образовниот систем во земјата досега трајни решенија за вработување добија околу девет илјади лица. Во конкретниот случај станува збор за наставен, но и технички кадар во општинските основни и средни училишта, кои најмалку две години се ангажирани во образовниот процес, рече тој.
Заменик-министерот уште најави дека во разговорите со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески била потврдена подготвеноста за отпочнување изградба на нова спортска сали во ОУ „Кочо Рацин“.
– Од наша страна ќе извршиме и увид на подготвителните активности што треба да се спроведат за реконструкција на ОУ „Григор Прличев“, што беше и едно од барањата на Општина Охрид вметнато во планот за инвестиции на МОН, рече тој најавувајќи дека градежните активности на таа инвестиција вредна осум милиони евра би започнале за десеттина дена после завршувањето на учебната година.
Градоначалникот Бакрачески рече дека проектите што се реализираат преку соработка на локалната самоуправа со МОН се потврда на заложбите на институциите за унапредување на наставно-научниот процес во образовниот систем и севкупно подобрување на условите за изведување на наставата.
По посетата на ОУ „Нико Нестор“ во Струга, Ристовски ги заокружи денешните активности со посетата на струшкото село Драслајца, каде во тек се завршните градежни работи околу изградбата на нова спортска сала во рамки на ОУ „Св. Климент Охридски“.– Станува збор за инвестиција на Министерството за образование и наука вредна 50 илјади евра, за целосно реконструирање на спортската сала и