Министерот за одбрана Зоран Јолевски во рамки на работната посета на САД, вчера имал средби со сенаторот Том Котон, со поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама генерал Џим Џонс, со советникот за безбедносна и одбранбена политика во Герман Маршал Фонд Дерек Колет и со претставници на американска компанија заинтересирана за инвестирање во наменска индустрија во Македонија и во полигонот Криволак.На средбите, како што соопшти Министерството, Јолевски ги информирал соговорниците за реформите во одбраната, за процесот на модернизација на АРМ кој се реализира согласно НАТО стандардите, за учеството на припадниците на АРМ во НАТО мисиите, за започнување на процесот за изработка на нова Стратегија за одбрана и Стратегиски преглед на одбраната, како и за учеството на АРМ на најголемата воена вежба Анаконда-16 која во моментов се одржува во Полска.
Јолевски, исто така, ги презентирал и аргументите зошто Македонија треба да добие покана за членство во НАТО и дека евроатлантските интеграциии се врвен приоритет на македонската Влада. Било разговарано и за претстојниот самит во Варшава и за значењето на политиката на отворени врати на НАТО.
Генералот Џонс, истакнувајќи дека во повеќе наврати ја посетил Македонија и дека на дело се уверил во квалитетот на припадниците на АРМ, нагласи дека Македонија заслужува да ја добие заслужената покана за членство во НАТО.
Министерот Јолевски се осврнал и на регионалната соработка и потребата земјите да соработуваат во борбата против тероризмот како глобален предизвик, а воедно информирал дека Македонија се пријави да биде домаќин на Командата на Штабот на СЕЕБРИГ.
На покана на Атлантскиот совет, Јолевски денеска ќе учествува на конференција на тема „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“ во Вашингтон. На конференцијата ќе се дискутира за последните случувања во Европа/Источна Европа, како и за тоа како проширувањето на НАТО ќе има влијание на Европската безбедност.На средбите, како што соопшти Министерството, Јолевски ги информирал соговорниците за реформите во одбраната, за процесот на модернизација на