Шест кривични пријави поднесе Царинската управа

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија, во месец мај 2016 година, до надлежните јавни обвинителства  поднесе 6 кривични пријави против 4 правни и 7 физички лица.Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Криумчарење“, „Фалсификување исправа“, „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „Царинска измама“.
Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против физичко лице Д.Г., македонски државјанин, кој на ден 06.04.2016 година во просториите на Пошта 2 Скопје подигнал меѓународна пратка од Холандија која гласела на негово име, во која имало едно стаклено шише наполнето со масло во црна боја, кое во својот состав содржи канабиноиди – психоактивни компоненти кои влегуваат во состав на растението Cannabis. На ваков начин пријавениот неовластено, набавил течност што во себе содржи психоактивни супстанци, со што сторил кривично дело ,,Неовластено прoизводство и пушање во промет на опојни дроги психотропни супстанци и прекурсори“ казниво по член 215 став 4 и став 7 од КЗ.
Криумчарење
До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против физичко лице Н.С.,  македонски државјанин кој на ден 19.05.2016 година како возач на автобус со македонски регистарски ознаки се пријавил на влез во Р.Македонија на ЦИ Табановце. На прашање на царински службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, осомничениот пријавил еден употребуван фрижидер и еден мал употребуван телевизор. По извршениот преглед на автобусот во внатрешноста од истиот сокриен позади задните седишта бил пронајден непријавен нов (неупотребуван) телевизор, произведен во месец февруари 2016 година. На ваков начин пријавениот избегнувајќи ја царинската контрола пренел непријавена стока со вкупна вредност во износ од 141.837,00 денари.
Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице З. К. од Скопје, државјанин на Република Македонија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно неовластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. На ден 04.02.2016 година за потребите на правното лице во царинската испостава Скопје 2 била пријавена разна стока од испраќач од Кина. При извршениот преглед на стоката од страна на царинските службеници се откриени 420 парчиња детски играчки, кукли со ознака на позната трговска марка. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржала предметната стока. По увидот на стоката застапниците на наведените трговски марки ја известија Царинската управа дека имаат добиено потврда од носителите на правото на интелектуална сопственост дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите ги повредуваат нивните права од интелектуална сопственост. На ваков начин осомничените се обиделе да увезат производи кои се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи, со што го сториле кривично дело за кое се осомничени.
Царинска измама
До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против правно лице од Куманово и две одговорни лица: Ј.М. од Скопје и И.Н. од Скопје, државјани на Република Македонија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „царинска измама“. Пријавените дале лажни податоци, односно не исполниле обврска според закон, со намера да избегнат делумно плаќање на давачки и даноци кои се плаќаат при увоз и на кои се обврзани со закон, а во вкупен износ од  1.966.934 денари. Во текот на месец септември 2015 година царинските службеници согласно законските овластувања, извршиле контрола во правно лице од Куманово, со цел контрола на исполнување на условите од добиените одобренија за употреба на царинска постапка увоз за облагородување, со кои увезувана е стока без плаќање на увозни давачки, под услов истата да биде извезена во вид на добиени производи како резултат на процес на облагородување. Во текот на 2013 година пријавените извршиле увоз на репроматеријали со шест царински декларации, за кои прикажувале нереално високи нормативи за единица производ. Истото е утврдено со контрола кај правното лице, каде се пронајдени  работни налози од странскиот испраќач кои се разликувале од нормативите доставени на царинските органи. На тој начин нереално се прикажани како употребени во готови производи  и извезени вкупно 4.841,4 м2 говедска кожа, во вкупна вредност од 5.899.623 денари, додека вкупниот износ на избегнатите увозни давачки изнесува 1.966.934 денари.
До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против правно лице од с.Черкези, Куманово и одговорното лице Ф.Ј. од с.Черкези, државјанин на Република Македонија, поради откриен обид за избегнување на плаќање на увозни давачки во вкупен износ од 433.092 денари, со поднесување на лажна фактура при увозно царинење. На 28.10.2015 година, за потребите на пријавеното правното лице е оцаринет употребуван автобус од испраќач од Република Турција. Поради постоење на основано сомнение во поглед на веродостојноста на фактурата, Царинската Управа на Република Македонија се обрати до Царинската администрација на Република Турција со барање за верификација на фактурата приложена при увозно царинење во Република Македонија. Врз основа на одговорот добиен од царинската администрација на Република Турција се утврди дека странскиот продавач за увезениот автобус издал фактура на многу повисок износ. Наместо фактурата приложена при увозното царинење на вредност од 58.000 евра, вистинската фактура е со ист број, но со вредност од 97.000 евра. Врз основа на ваквата утврдена фактичка состојба Царинската управа ја утврди реалната царинска вредност и изврши дополнителна пресметка за наплата на царински долг по предметната царинска декларација, при што се утврдија вкупно избегнати увозни давачки во износ  433.092 денари.
Фалсификување исправа
До ОЈО Велес е поднесена кривична пријава против правно лице од Велес и одговорното лице Г.О. од Велес, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа по член 378 од Кривичниот законик, односно лажна исправа употребиле како вистинска. На 25.03.2014 година во ЦИ Велес осомничените увозно оцариниле два употребувани автобуси. Во моментот на увозно царинење приложиле две фактури во кои  биле наведени изјави за потекло потпишани од странскиот продавач, како доказ за преференцијално потекло на возилото со цел да биде одобрен преференцијален тарифен третман, односно увозно царинење со царинска стапка слободно. Поради сомневање во поглед на веродостојноста на приложената документација и автентичноста на изјавите во фактурите, од причина што за истите лица претходно е откриено истото дело, Царинската управа на Република Македонија се обрати до царинска администрација на Република Словенија, со барање за верификација на фактурите. Според доставениот одговор од странската царинска администрација спроведената постапка за верификација покажала дека изјавите без авторизации во фактури не се издадени од страна на извозникот од Република Словенија. Царинската управа изврши дополнителна пресметка за евидентирање на царинскиот долг и го задолжи правното лице да ги доплати избегнатите давачки.Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет н

Пронајдете не на следниве мрежи: