Во „Отвореното студио“ на ТВ Нова со Љубиша Николовски дебатираa Љубомир Јосифовски пратеник од НСДП, Филип Петровски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Реџеп Мемеди од албанксата партија Беса. Темата бeше „Повлекување на аболицијата или импичмент“.Аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов е деликатна тема во изминатиов период, посебно поради тоа што неговиот потег беше искористен за да се нанесе уште еден удар кон државата и да се доведе во прашање работата на државните институции.
Во еден момент од дебатата, Петровски и Мемеди се најдоа во дуел поради политичките убедувања на БЕСА, посебно поради фактот што на собирите на оваа организација се истакнуваат знамиња за Голема Албанија.
„Сите коишто ќе застанат за државното знаме, грб и химна се граѓани на Република Македонија. Меѓутоа, некои дигаат двоглави орли и поставуваат знамиња на Голема Албанија. Вие сте фашисти“ – возврати Петровски на провокациите на Мемеди, којшто не сакаше застана во одбрана на својот став дека БЕСЕ се залага за федерализација на Македонија.
Погледнете: