Модернизација на македонскиото здравство

Македонското здравство се модернизира. Се вложува во опрема и апаратура, се градат нови и се реконструираат постојните болници, се воведуваат нови методи, лекарите се праќаат на доедукација во странство, здравствените услуги станаа подостапни за граѓаните, пишува Лидер.Во здравството се инвестираат 200 милиони евра, 100 за набавка на нова медицинска опрема и 100 за изградба или реконструкција на јавните здравствени установи. Квалитетот на здравствената нега е подигнат на повисоко ниво.
2,4 милиони евра за реконструкција на старата градска болница
Министерството за здравство ја избра фирмата „Конструктор Рената и др.“ од Скопје како изведувач на проектот за реконструкција на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Зафатот ќе чини 2,4 милиони евра. Оваа здравствена установа добива нова интензивна нега, пет модерни операциони сали, лифтови, ќе се реконструираат собите. Старата градска болница има стратешко значење, се наоѓа во строгиот центар на Скопје. Годишно прима над 220 илјади пациенти, се прават 4.000 операции.
-Поради местоположбата кај нас се носат голем број повредени од сообраќајки, куршуми, настрадани од пожар, пациенти во ургентна состојба, вели директорката д-р Јасминка Чабукобска – Радуловска.
Во „Козле“ се лекува по европски стандарди!
За четири месеци во детската болница „Козле“ се примени над 15 илјади пациенти, има раст од 70 проценти на амбулантските прегледи и 35 отсто во хоспиталниот дел. Во новата болница беа вложени околу 7 милиони евра, има капацитет од 210 кревети и 18 амбуланти.
„-орано имавме само 30 деца со мајки, а останатите 110 деца беа без мајка придружник. Сега секое дете е во двокреветна или еднокреветна соба со мајка придружник, вели директорот на болницата, Оливер Зафировски.
Условите за лекување во оваа болница се на светско ниво, лекарите беа на едукација во странство, во најголем дел во педијатриската болница „Бамбино Џезу“ во Ватикан. Воведени се нови методи на работа.
-Сигурна сум во нашата стручност, а сега со новава болница имаме и врвни услови на сместување, на дијагностика и на третман на сите деца, а сите деца заслужуваат тогаш кога им е најтешко да бидат во услови кои барем малку ќе им го намалат стресот на болничкото лекување. Јас сум од групата што беше на едукација во странство, специјалност ми се алергии, вели д-р Билјана Иванова – Димчева.
Нов клинички центар во Штип
Се реализира и најголемиот проект во македонското здравство. Се гради новата клиничка болница во Штип. Новиот објект ќе биде на површина од 34.000 метри квадратни, инвестицијата е вредна 30 милиони евра, но во опрема ќе се вложат дополнителни 26 милиони евра. Новата болница ќе располага со 350 легла и ќе овозможи беспрекорно лекување на околу 200.000 пациенти од овој дел на земјава.
Центарот ќе биде поделен на 8 нивоа, поврзани со 14 лифтови, енергетски ефикасен. Ќе има и одделение за неврохирургија и онкологија, за психијатрија и за физикална терапија.
-Ова ќе биде највредниот и најголемиот проект во историјата на македонското здравство, вели премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, кој потекнува од овој регион.
Новиот клинички центар, според проценките, ќе биде готов за две години. Според податоците на „Мој термин“, лани во штипската болница биле креирани над 180 илјади упати и третирани 57.000 пациенти.
Создадена „Државна кардиохирургија“
Повеќе од две години успешно се развива Државната кардиохирургија. Се реализираат од 20 до 30 операции месечно со 90% успешност на тешките, итни случаи. Клиниката ги имплементира најновите и најсовремени стандарди во лекувањето, применува најсовремени процедури и има најсовремена опрема, а работи и васкуларни процедури.
-Почнавме спорадично, а од јули минатата година на новата Клиника работиме редовно и обемот е се поголем. Се прават 20 до 30 операции месечно, вели доктор Сашко Јовев.
-Проектот за кој докторите сонуваа 40 години е реалност и одлично се развива. Ако првата година имаше 25 – 30 операции, сега толкав број се прават месечно, вели министерот за здравство, Никола Тодоров.
Нови болници за подобра здравствена нега
Изградбата и реконструкцијата на болниците опфати и целосно реновирање на поликлиниката Букурешт, се отвори нова Клиника за гинекологија, се уреди болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“, се изврши реконструкција на Детската клиника, на ГОБ „8 Септември“, во тек на реализацијата е проектот за „Св. Еразмо“ во Охрид. Изграден е ПЕТ – центарот.
-Овој капителен објект чини околу една милијарда денари, ќе овозможи примена на најсовремени методи за рано дијагностицирање на болести, нивно лекување, следење, како и следење на успешноста на терапијата. Изградбата заврши, кадарот се обучи, сега е во тек процесот на валидација и очекуваме некаде до крајот на септември или почетокот на октомври да почнеме со работа со пациенти, вели Тодоров.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со реализираните проекти се подобри ефикасноста на целиот здравствен систем во земјава.
-Се набави опрема во износ од 100 милиони евра што на здравствените институции им донесе нов квалитет кој го ползуваат пациентите. Исто толку пари се инвестирани во изградбата и реконструкцијата на болниците, започна процес на обука на медицинскиот персонал, се спроведуваат проектите рурален родктор и мобилни аптеки со што здравствената заштита се доближи до секој граѓанин, дури и до оние коишто се од најоддалечените рурални средини, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола ГруевскиВо здравството се инвестираат 200 милиони евра, 100 за набавка на нова медицинска опрема и 100 за изградба или реконструкција на јавните здравствен

Пронајдете не на следниве мрежи: