На повидок формирање на нова Југославија?!

БЕЛГРАД – Сериозната економска криза во Европа и новите политички реалности во регионот се повеќе ја поттикнуваат идејата за нова интеграција на земјите од поранешна Југославија.
Така, дваесет години по крвавиот распад на некогашните браќа ,се почесто се спомнува формирање на Југосфера – некои тоа го викаат и „Балкански Бенелукс“ – во чии состав би влегле иситнетите и исцепкани држави членки на поранешна Југославија.
Се тврди дека таа идеја не е непозната ниту за европските центри на моќ, ниту пак за некои регионални лидери.
Аналитичарите и историчарите потсетуваат дека веднаш по распадот на Југославија се размислувало за формирање на Евроскавија во која би се собрале балканските држави. По во 2000 – та година. кога имаше обновување на односите во регионот, почна да се споменува и формирање на Југосфера.
Иако во Брисел со незадоволство зборуваат за тоа, свесни се дека полесно и поевтино би излегле на крај со целиот Балкан, доколку би бил обединет.
На кого би му одело во корист обновата на југословенскиот простор, кои се економските и политичките причини за таков проект? Кој би имал интерес од него и што би значело ова за балканските народи?
Историчарите веруваат дека таквото обединување во суштина значи обесправување на Србија.
– Овде се работи за политичко здружување на регионот, кој прво е иситнет, при што српскиот народ бил поделен и обесправен, а ова „обединување“ треба да послужи да биде обесправена и српската држава, без оглед на тоа колку е таа мала – вели историчарот  Чедомир Антиќ.
Тој оценува дека замислата поранешна Југославија да биде во извесна мера обновена, претставува суштински лоша намера на некои германски и британски политичари и интелектуалци кон балканските народи.
– Ако Југославија била добра зошто тогаш ЕУ и САД не помогнаа за нејзина демократизација и модернизација? Зошто го помогнаа и официјализираа нејзиното уништување, прашува Антиќ.
– Создавање на независни држави на овие простори подразбира воспоставување на елементарна рамноправност. Словенија и Хрватска се признаени како независни и унитарни, примени во ЕУ, дадена им е помош во обесправување на малцинствата, Македонија и Босна и Херцеговина се сосила одржани како независни држави, на Србија и го одземаа Косово, и ја наметнаа АП Војводина и сега уште наместо да стапи во ЕУ како независна држава, треба да биде во некаква заедница со Загреб.
Станува збор за цинизам, лицемерије, можеби и шовинизам на некои европски политичари – вели Антиќ.
Предраг Симиќ професор на Факултетот за политички науки, смета дека балканскиот Бенелукс – заедничкиот царински пазар е непотребен.
– Во Хрватска, спомнувањето на Југославија повеќе нема така негативен одек како порано. И во Словенија покажуваат знак најголема исцрпеност, а одлуката да влезат во ЕУ многу ги чинеше. Она што историски ги спојуваше југословенските држави, ги поврзува сега. Тие би требало да се соберат според моделот на Бенелукс или нордиските држави кои си помагаат меѓусебно, вели Симиќ.
 БЕЛГРАД – Сериозната економска криза во Европа и новите политички реалности во регионот се повеќе ја поттикнуваат идеј

Пронајдете не на следниве мрежи: