Амбасадорката на САД до Унгарија: Урнете го Асад, пуштете ги бегалците, и борете се против Русија…или ќе видите!

Ако некој сака кратко објаснување за тоа што не е во ред со дипломатијата на САД, погледнете го петочниот говор на амбасадорката на САД во Унгарија, Колин Бел кон Комитетот за надворешни работи на Унгарскиот парламент.Пишува Даниел МекАдамс за Ron Paul Institute
Во типичниот дипломатски говор Бел поетски говореше за заедничките вредности, рибите што заедно пловат во океанот (?), сочна поетика како „заедно, ќе ја присилиме ладната зима да стане пролет“, и говор за заедништво како „бидување дел од најголемата светска воена и политичка алијанса“.
Но, не се збунувајте: Во кадифената ракавица на амбасадорката Бел се крие челична тупаница, спремна да ја исфрли од играта на големите прашања упорната независна влада водена од Фидез. А под „големи“ прашања треба да е јасно дека САД ги подразбира прашањата за својата надворешна политика, а не оние од интерес на Унгарија.
Пораката до Унгарија гласи: правете како што велиме или ќе зажалите.
Амбасадорката Бел претходно работеше како продуцент на телевизиски сапуници, но со собирањето средства во вредност од над два милиони долари за изборите на Барак Обама, го „заслужи“ местото како број еден дипломат на САД во Унгарија.
Поранешната телевизиска продуцентка сепак знае да говори. Им држеше лекции на Унгарците за Сирија, објаснувајќи им дека ИСИС и Асад се подеднакво злобни и виновни за катастрофата во Сирија.
ИСИС зема силен замав во Сирија, им порача таа на Унгарците, бидејќи „го искористува хаосот на граѓанската војна во Сирија, конфликт што до сега зема над 250 илјади животи“. Но, таа не напомена дека поддршката на САД за „промена на режимот“ во Сирија, што започна во 2006 година, како што знаеме од Меморандумот во Дамаск на амбасадата на САД, што го објави Викиликс и што го создаде хаосот што таа сега го обвинува за подемот на ИСИС.
Всушност, пропаганда е она што и се случува на Сирија да биде наречено „граѓанска војна“, со оглед на тоа дека сите сили што се борат против Сиријската влада се спонзорирани од странски сили како Саудиска Арабија, Турција, и САД. Таа е индиректна војна од далечина против Сиријската влада, а не граѓанска војна.
Тогаш, таа им кажа на Унгарците дека ИСИС нема да бидат поразени во Сирија се додека не се урне Асад.
„Знаеме дека нема да можеме да ги победиме Даеш во Сирија, освен ако не се справиме со граѓанската војна, поточно со Асад. Бидејќи, се додека Асад е таму, тој е најмоќен магнет за странските борци регрутирани во Даеш“.
Дали таа ги смета Унгарците за толку глупави, што веруваат дека со потиснувањето на ИСИС се до Рака (со Руска асистенција), Сиријската влада на Асад и е од корист на ИСИС? Напаѓањето на ИСИС значи дека Асад е на страната на ИСИС?
„Уште од февруари, прекинот на огнот го намали насилството во Сирија, овозможувајќи на милиони Сиријски цивили да го започнат првиот чекор кон враќање на нормалниот живот“, изјави амбасадорката, без воопшто да ја напомене причината за прекинот на огнот: Руското учество заедно со Сиријската армија во децимацијата на позициите на Ал Каеда и ИСИС во северозападна и централна Сирија. Впрочем, апсолутно е бизарно тоа што во светот на амбасадорката Бел (и Стејт Департментот што и го напиша говорот), руската интервенција против Ал Каеда и ИСИС беше безначајна за споменување.
Дали навистина постоја толку неинформирани Унгарци што би поверувале во вакви глупости?
Бел ја искористи трагедијата во Сирија за да и изврши притисок на Унгарија во бегалската криза (во голем дел исценирана од Америка). Унгарскиот силнонационален премиер, Виктор Орбан, заедно со неколку централноевропски истомисленици, се спротистави на барањата на Брисел (и на Вашингтон) Унгарија да прими десетици илјади мигранти што се фатија за повикот на Германската канцеларка Ангела Меркел дека можат да дојдат во Европа и да уживаат во многу бесплатни работи.
Минатиот месец Орбан за Унгарското Радио изјави дека ако го прифати планот на ЕУ за распоредување на мигрантите, „за тоа со кој живееме и за етничкиот состав на земјата во иднина ќе решава Брисел, а не Унгарија“. Тој ја одби идејата.
„Секоја суверена држава има право и обврска да ги штити своите граници“, изјави Бел за Унгарскиот Парламент, „Но, секоја нација, како дел од меѓународната заедница, исто така има и фундаментална обврска да им помогне на бегалците што бараат безбедност“.
Превод: вашата сувереност не е одредена од вас, туку од нас. Ова го кажа Орвел во делото „1984“, според кое една личност може да мисли две сосема контрадикторни мисли во исто време без очигледен ментален конфликт.
Но, еве каде железната тупаница на Бел заблеска низ кадифената ракавица. Таа со посочување прст, ја осуди позицијата на Унгарската влада, фалејќи ги Унгарците со спротиставено мислење, т.е. Унгарската опозиција:
„Го поддржуваме хуманитарниот дух на Унгарските водачи, правните и воените структури, и обичните граѓани што на кризата одговорија великодушно и со сочуство.
Понатаму, таа и ги даде на Унгарија наредбите од Вашингтон:
„Продолжуваме да нагласуваме дека секоја одлука кон предизвиците на мигрантската криза, треба да се фокусира на спасување животи, почитување на човечките права на сите мигранти, и промовирање на хумани политики за миграцијата. Тоа ја вклучува поддршката на владите на сите држави-членки за договорот за бегалската криза помеѓу ЕУ и Турција“.
Превод: Унгарија мора да го поддржува договорот на ЕУ и Турција со кој десетици илјади мигранти ќе се сместат во државите-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Унгарија. Проблемот е што Унгарскиот парламент експлицитно ги одби форсираните планови за сместување на бегалците во Унгарија и идејата да се одржи меѓународен референдум на темата. Овде Бел вели дека мораат да се игнорираат избраните претставници на Унгарија, па дури и унгарскиот гласач, и Унгарија мора да се покори на диктатот на Брисел.
Кога се работи за Русија, амбасадорката Бел исто така имаше инструкции за Будимпешта: Не заборавајте дека Москва ви е непријател.
Таа им кажа на Унгарските парламентарци:
„Како што многу Унгарци ме уверија, вам не ви треба вовед во природата на Руската агресија. Покажувањето одлучност секогаш беше ваш одговор на проблемите. Впрочем, нашите најдобри оружја се одлучноста и солидарноста.“
Оружја? Доста набилдан збор.
Орбан беше виден во Вашингтон како не многу воодушевен од санкциите на Русија, што го повредија интересот на Унгарската трговија и бизнис. Амбасадорката Бел јасно изрази дека Унгарија мора да се придржува кон барањата на САД во врска со Русија, дури и ако тие се целосно недоследни:
„Како што и САД и Унгарија многу пати изјавија, Русија има само еден избор: целосно да го имплементира Минскиот Протокол или да продолжи да се соочува со санкции. Русија мора да ги повлече оружјето и војската од Донбас; да ги врати сите Украински заложници; да овозможи целосен хуманитарен пристап до окупираните територии; Русија мора да поддржува слободни, фер избори, мониторирани од меѓународната заедниа во Донбас според Украинските закони; и најважно, Русија мора да и ја врати независноста на Украина“.
Последната поента на Бел значеше дека Русија мора да ја игнорира волјата на луѓето од Крим, кои гласаа во значително поголем број за одново соединување со Русија, откако беа дел од независна Украина само 25 години.
Не грижете се, амбасадорката Бел со сигурност е убедена дека Будимпешта ќе стори се што Вашингтон ќе и каже:
„Унгарија е еднаков учесник во големите предизвици на времето во кое што живееме, и САД смета на вас“.
За да биде заканата уште поголема, амбасадорката на САД, Бел, ги потсети Унгарците дека се дел од „нашиот глобален поредок“, и ги изрекламира големите примери на САД, со зборовите:
„Нашиот систем на меѓународни економски, политички и социјални норми и институции со децении го одржуваа мирот и просперитетот. Без разлика дали се работи за меѓународниот закон, заштитата на околината, трговските регулации, антикорупциските закони, законите за заштита на правата на децата-работници, на човековите права, на непролифератскиот режим, системите на здравтвена заштита, меѓународните финансиски институции, одржувањето на мирот со ОН, или на силното граѓанско општество – овие норми и институции ја одржуваат во живот стабилноста на глобалниот поредок“.
Во ерата на шпионирања на НСА на невини Американци, Гвантанамо, тортурите на ЦИА, продажбата на оружје на најлошите диктатори на светот (за почеток, Саудиска Арабија), уништување на околината со воената машина на САД, под име „промена на режимот“, операции што го загрозуваат суверенитетот на дугите држави, и директна агресија на спротиставувањето на законите на САД и Меѓународниот Закон (Либија, итн.), истакнувањето на Бел дека „нашиот глобален поредок“ е врвот на цивилизацијата, кај Унгарците може само да изнуди смеа. Впрочем, од Либија до Сирија до Украина до Пакистан и Авганистан, обидот на интервенистката на САД да искова глобален поредок со крв и куршуми ќе заврши во едно од најмрачните поглавја на историјата на апсолутистите на 20-от век.
Еве ја кратката верзија на пораката на амбасадорката Бел до Будимпешта: „партнерството со нас значи да правите се што ви кажуваме без разлика дали е во ваш интерес или не“.
Интересно, тоа беше и пораката на Москва до Будимпешта од 1948 до 1989 година.Пишува Даниел МекАдамс за

Пронајдете не на следниве мрежи: