На големиот собир во Битола свое обраќање кон народот имаа Даштевски и Петровски. Повеќе илјади граѓани громогласно ги подржаа пораките за избори и за фер однос во политичката арена.Даштевски потенцираше дека сите услови за изборите се исполнети според пржинскиот договор и дека сега Заев бега од истите поради страв од губење.
Филип Петровски пак му порача на Заев да ги тргне рацете од спомениците кои се гордост на македонскиот народ. Во спротивно ќе се соочат со бесот на народот.
Поворката од околу 5000 граѓани потоа се упати кон штабот на СДСМ. Мирно се протестираше и беше поздравена полицијата. Потоа движењето продолжи кон офицерскиот дом и се заврши со протестот.
Пораката што беше упатена беше јасна – избори за разрешување на вештачки наметнатата криза.
Даштевски потенцираше дека сите услови за изборите се исполнети според пржинскиот договор и дека сега Заев бега од истите поради страв од губење.